• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Ел Мекфирсон во тајност се борела со рак на дојка, одби хемотерапија и сега болеста е во ремисија

3 септември 2024, 13:45
  • cподели

Ел Мекфирсон во тајност се борела со рак на дојка. 60-годишниот супермодел сподели дека пред седум години ја доби страшната дијагноза, но дека денес болеста е во ремисија.

Во нејзиниот мемоар „Life, Lessons, and Learning to Trust Yourself“, Ел открива дека одбила да прима хемотерапија и покрај советите од 32 доктори. Таа одлучила да примени алтернативни терапии и да не се лекува со традиционалната медицина.

 Ел Мекфирсон

Нејзе ѝ била направена лумпектомија пред седум години, кога ѝ бил дијагностициран HER2 - позитивен карцином на дојка кој се карактеризира со клетки кои прекумерно произведуваат HER2 протеин. Овој вид на карцином на дојка може да биде особено агресивен и доколку не се лекува навремено, се намалуваат шансите за преживување.

Тогаш, сите доктори ѝ препорачувале да направи мастектомија и да продолжи со лекување со хемотерапија и зрачење. По долго размислување, Мекфирсон решила дека тоа ќе биде спротивно од нејзините верувања.

„Беше шок, беше неочекувано, беше збунувачко. Беше застрашувачко на толку многу начини и навистина ми даде можност да копам длабоко во себе за да најдам решение кое ќе функционира за мене“ – рекла Ел.

Така, таа заминала во Аризона каде престојувала осум месеци, следејќи „интуитивен, холистички пристап за лекување воден од срцето“.

„Тоа што им кажав не на стандардните медицински решенија беше најтешкото нешто што го имам направено во животот. Но, да му речев не на моето внатрешно чувство ќе беше уште потешко“ – додала таа.

 Ел Мекфирсон

Ел ги минувала деновите „посветувајќи ја секоја минута на лекување на себеси“. Во тој период, таа се состанувала со антиваксерот Ендру Вејкфилд.

„Сфатив дека мојот систем на верување ќе мора да ме поддржи низ целиот процес. И тоа е она што го направив. Верував во природата на моето тело и во текот на дејствувањето кое го избрав. Сфатив дека нема ништо сигурно и нема апсолутно никакви гаранции. Немаше ‘вистински’ начин, само вистинскиот пат за мене“ – признала Мекфирсон, која е дел од најпознатите супермодели во светот.

 Ел Мекфирсон  Ел Мекфирсон  Ел Мекфирсон  Ел Мекфирсон

Најнови

  • Бруно Марс

    Бруно Марс се жени во спотот за романтичната балада „Risk It All“

    Wed, 03/04/2026 - 16:46
  • „Горе конечно си дете. Таму мама ќе те бакнува, без солзи, без страв, без темнина…“: Трогателна песна за малата Катја и Ивана

    Wed, 03/04/2026 - 14:17
  • Vape

    Различни пристапи во борбата против пушењето: додека други охрабруваат алтернативи, кај нас се воведуваат забрани

    Wed, 03/04/2026 - 13:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.