• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

ЕФСА ја отпочна кампањата „Стоп за африканската свинска чума“ во Југоисточна Европа

6 октомври 2020, 15:03
  • cподели
Стоп за африканската свинска чума

Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) отпочна голема кампања за подигање на свеста и помагање да се спречи ширењето на африканската свинска чума во Југоисточна Европа

Кампањата е наменета за земјите за кои ЕФСА во 2019 година идентификуваше дека колективно сочинуваат „ризичен регион“ поради нивната непосредна близина со земји каде што е присутна африканската свинска чума. Овие земји се Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Словенија.

Нашата кампања има за цел да ги дополни постоечките активности на Европската комисија и други меѓународни организации кои работат на искоренување на болеста во Европа.

Што е африканска свинска чума?

Африканската свинска чума (АСЧ) е вирусно заболување кое ги напаѓа домашните и дивите свињи. Овој вирус е безопасен за луѓето, но предизвика значајни економски нарушувања во многу земји. Сè уште не постојат вакцини за АСЧ, па затоа појава наболеста може да изискува колење на голем број свињи од одгледувачници во зафатените области.

Цели и публика

Оваа кампања има за цел да ја зголеми свеста и знаењето за АСЧ во сите девет земји. Наменета е за групи на луѓе и поединци кои се во контакт со домашни и диви свињи, како што се фармери и ловџии. ЕФСА исто така ќе оствари соработка со ветеринарни организации, ловџиски здруженија, фармерски групи, царински службеници, гранична полиција, локални самоуправи, туристички организации и патници.

Препознајте, спречете, пријавете

Со оглед на тоа што појавата на АСЧ може да има катастрофални последици, препознавањето, спречувањето и пријавувањето се особено важни за да се заузда оваа болест. Ова се клучните зборови на нашата кампања.

Ние ќе споделуваме документи со податоци, инфографици, објави за социјални медиуми кои се подготвени за употреба и други материјали. Дознајте повеќе за АСЧ на веб-страницата на кампањата: www.efsa.europa.eu/StopASF

Комерцијален текст

Најнови

  • Не отстапува од центарот на вниманието ниту на 56 години: Џенифер Лопез како сирена на Златен глобус

    Mon, 01/12/2026 - 09:44
  • Џенифер Лоренс

    Џенифер Лоренс ја истакна атрактивната фигура во проѕирен фустан на Златен глобус

    Mon, 01/12/2026 - 09:22
  • Амал и Џорџ Клуни

    Ретро елеганција: Амал во винтиџ фустан шармираше до Џорџ Клуни на Златен глобус

    Mon, 01/12/2026 - 03:50
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.