• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Едукативен настан: Истражувањата покажуваат дека екстрактите од канабис имаат голем потенцијал во третманот на различни заболувања

1 март 2024, 13:14
  • cподели

Најновите трендови и резултати од истражувањата за употребата на канабисот во медицински цели беше тема на вчерашниот едукативен настан, која се одржа под наслов „Клиничката перспектива за медицинската употреба на масло од канабис (CBD/THC), во третман на болка“. Во рамките на настанот домашни и странски експерти, покрај презентацијата на најновите истражувања кој во повеќе земји се во напредна фаза, зборуваа и за досегашните клинички искуства од третманот на пациенти во различни медицински области.

Во рамките на едукативниот настан свое излагање имаше и доктор Силвиу Брил, директор на Институтот за третман на болка во Тел Авив во Израел. Д-р Брил е копретседател на Работната група за медицина базирана на канабис и претседател на работната група за онколошка болка на Европската федерација за болка.

Replek

Едукативниот настан го отвори претседателот на Македонската ревматолошка асоцијација, м-р д-р Мимоза Николовска Котевска, а е поддржан од Реплек АД Скопје, прва компанија во земјава која започна со производство на препарати кои содржат екстракти од канабис (CBD/THC). Доцент д-р Филип Гучев од Универзитетската клиника за ревматологија во рамките на своето стручно излагање се фокусираше на клиничката употреба на екстракти од канабис во третманот на ревматолошките болести. За употребата на препарати со екстракти од канабис (CBD/THC) во третман на онколошки пациенти зборуваше д-р Милан Ристески, кој има долгогодишно искуство во клиничката онкологија, а бил дел од истражување во областа, а има објавено и низа трудови за унапредување на онколошката нега.

Replek

Реплек АД Скопје е пионер во производството на медицински препарати кои содржат екстракти од канабис на домашниот пазар, правејќи ги достапни и за македонските пациенти. Во своето портфолио компанијата има производи кои содржат различни концентрации на CBD и THC, со што се овозможува поширока примена во третманот на различни здравствени состојби.

Во рамките на настанот експертите ги изложија најновите научни истражувања и резултати добиени во рамките на клиничката пракса , при третман на хронична болка од различно потекло и улогата на производите кои содржат екстракт од медицински канабис (CBD и THC). Канабиноидите, активните соединенија во канабисот, делуваат преку ендоканабиноидниот систем на телото, кој игра улога во регулирањето на перцепцијата на болката. Терапевтските својства на канабисот се признаени од многу регулаторни тела, вклучувајќи ја и Американската агенција за храна и лекови (FDA).

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.