• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Една одлука што носи повеќе задоволство

30 јануари 2026, 11:00
  • cподели
Мајка и дете

Полесен е животот кога имаш добар сојузник, кој секогаш е на твоја страна, те разбира, ти го олеснува патот, те следи во твоите желби и потреби и ти дава чувство на сигурност. А, кога твојот сојузник не само што ги разбира твоите потреби, туку и те води кон нови можности, привилегијата е уште поголема, а чувството уште поубаво.

Во денешниот свет на лични финансии, токму тоа е улогата на една современа банка: да биде дискретен партнер кој секогаш е тука за тебе со паметни, едноставни, ефикасни и лесно достапни решенија. Така твоите секојдневни обврски поврзани со личните финансии не ти трошат многу време, плус ти заштедуваат пари со што задоволството е комплетно. 

Кога твојата банка е твојот сојузник, не си во предност само ти, туку и целото твое семејство. Бенефитите од современото банкарство може да ги уживаат и твоите деца и твојот партнер само затоа што ти си избрал твојата плата да ја примаш во банка на која ѝ веруваш, банка со семејство од над 300.000 клиенти физички лица и со успешно работење веќе седум децении.

Префрлањето плата во Комерцијална банка не значи само сигурен потег и топло добредојде, туку и избор на банка која те поддржува во твоето динамично секојдневие. Од самиот почеток, со можноста за онлајн аплицирање за платежна сметка, дебитна картичка и за активирање Интернет банка со електронската идентификација OneID, што значи без посета на шалтер. 

Топла препорака: Избери некој од КБ пакетите затоа што така добиваш повеќе за помалку. Со нив доаѓаат низа бесплатни производи и услуги - Visa или Mastercard дебитна картичка, известувања за приливи и одливи преку Интернет банка и мБанка, наменско дозволено пречекорување за плаќање на рати без камата со дебитна картичка, отворање траен налог...

Може да започнеш и ново искуство во светот на врвните и напредни дигитални финансиски услуги со Интернет банка и мБанка. Електронското банкарство на Комерцијална банка овозможува 24/7 лесен и безбеден пристап до голем број банкарски производи и услуги преку твојот компјутер, мобилен телефон или таблет од кое било место и во кое било време. Ти штеди не само време, туку и пари затоа што има до 80 % пониски надоместоци за платежни трансакции отколку на шалтер.

Со Интернет банка и мБанка имаш целосна контрола на сите твои банкарски производи, напреден преглед за твоите приливи и одливи, можност да вршиш брзи плаќања и пренос на пари со налог, преку Плати на пријател или Подели сметка или да користиш напредни алатки за целосно онлајн банкарство. 

Како клиент на Комерцијална банка имаш пристап и до глобалните платежни платформи Apple Pay, Google Pay и Garmin Pay, со кои добиваш брзи, сигурни, бесплатни и бесконтактни плаќања во целиот свет. Со само неколку клика може да плаќаш безбедно и практично, без да ја вадиш картичката од паричникот – идеално за забрзаното секојдневие каде што секоја минута е важна.

А, кога ти треба финансиска поддршка, ќе добиеш кредитен производ каков што најмногу ти одговара, плус и со животно осигурување ако преферираш целосно безгрижни финансии. Можеш да избереш Онлајн кредит преку мБанка ако ти треба брзо и едноставно решение, без чекање, станбен кредит за да го решиш едно од најважните прашања во животот – сопствениот дом или пак кредитни картички со бројни можности и бенефиции за поудобен живот, возбудливи патувања и финансиска флексибилност во твоето секојдневие.

Имаш и богата понуда на штедни производи за оплодување на твојата заштеда, кои ќе ти обезбедат безгрижна финансиска иднина. Уште поголема практичност носи мБанка затоа што од твојот паметен уред во секое време и од секое место можеш да префрлаш пари во штеден депозит или да враќаш на платежна сметка, токму кога тоа ти е најпотребно.

Сето ова го сакаат современите корисници на банкарски производи и услуги, а Комерцијална банка го обезбедува затоа што Полесно е заедно да ги исполниме нашите цели и твоите очекувања.

Tags
Комерцијална банка

Најнови

  • Тамара Тодевска со децата

    „Не жалам за ништо, сакам да им обезбедам убаво и среќно детство на Хана и Дарен“: Тамара Тодевска искрена за мајчинството

    Fri, 01/30/2026 - 12:55
  • Мајка и дете

    Една одлука што носи повеќе задоволство

    Fri, 01/30/2026 - 11:00
  • Доналд Трамп за рака со сопругата Меланија на премиерата на документарниот филм за неа: „Се гордеам“

    Fri, 01/30/2026 - 09:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.