• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Една на 15 милиони: Мајка роди идентична четворка зачната по природен пат

14 мај 2024, 09:00
  • cподели

Жена од Тексас роди четири идентични бебенца зачнати на природен начин.

34-годишната Мерцедес Санду ја донесе на свет слатката четворка на 1 мај оваа година. Секое од бебенцата тежело околу 1 килограм.

„Ми олесна кога го слушнав нивниот плач. Вистинско олеснување беше да знам дека тие навистина се тука“ – рекла мајката.

Ова се случува еднаш на 15 милиони случаи, една оплодена јајце-клетка да се раздели на четири ембриона. Четирите девојчиња Хана Грејс, Луси Мари, Ребека Клер и Петра Ен се родиле во 29-тата недела од бременоста.

Идентична четворка Идентична четворка Идентична четворка

Сите четири бебенца делеле една плацента, што е познато како монохорионска бременост. „Во ваков случај, постои многу поголем ризик за компликации одошто кога секое бебе има своја плацента“ – рекол докторот. Затоа, бременоста на Мерцедес била многу внимателно следена до самото породување.

Идентична четворка

34-годишната мајка и нејзиниот 37-годишен сопруг Џонатан имаат уште две поголеми деца, 3-годишниот Лук и 18-месечниот Арон.

Брачниот пар не се обидувал да зачне, но бил пресреќен кога дознал дека нивните синчиња ќе добијат уште едно братче или сестриче. „Не се обидувавме да зачнеме, но бевме возбудени. Ни се допаѓаше идејата нашите момчиња да добијат братче или сестриче. Но, кога дознавме дека има четири... Ох Боже“ - рекле среќните родители.

Мајката вели дека била пресреќна и шокирана во исто време кога за време на прегледот со ултразвук дознала дека носи четири бебенца. „Ох, плачев и се смеев во истовремено, бидејќи мислев дека нема шанси ова да се случи. Чувствував толку многу различни емоции, но беше шок, за тоа сум сигурна“ – рекла Мерцедес.

Идентична четворка Идентична четворка

Таткото Џонатан вели дека Мерцедес е херој и дека многу подобро од него се справила со целата ситуација.

„Покрај фактот што јас не износив ниту едно дете, тоа немаше физички ефект на мене, но сепак јас бев тој кој константно имаше ментални кризи во текот на целата бременост. А Мерцедес беше таа која ми помогна да се соземам. ‘Ќе го поминеме ова. Сè ќе биде во ред’ – ми велеше таа“ – признал Џонатан.

„Не можам да помислам на друга личност, која би се справила со ова подобро од Мерцедес. Како мајка на шест деца, ќе биде хаос во следните кој знае колку години“ – дополнил тој.

Идентична четворка Идентична четворка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.