• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Ѕвездата од „The Notebook“ има Алцхајмерова болест, дијагноза која ја имаше ликот кој го глумеше во филмот

28 јуни 2024, 09:33
  • cподели

Џина Роуландс се бори со истата болест која ја имаше нејзиниот лик во популарниот филм „The Notebook“.

94-годишната актерка има Алцхајмерова болест. Оваа вест беше потврдена од нејзиниот син Ник Касаветис, кој е режисер на филмот со Рајан Гослинг и Рејчел МекАдамс снимен по истоимената новела на Николас Спаркс.

Џина Роуландс Џина Роуландс

Џина ја глумеше постарата верзија на главниот лик Али. Таа страдаше од деменција, па нејзиниот сакан Ноа секојдневно ѝ читаше од нејзиниот дневник за да ѝ ги врати спомените и да ја потсети на него.

„Мајка ми ја играше постарата верзија на Али и поминавме многу време во разговори за Алцхајмеровата болест и сакавме да бидеме автентични, а сега, во изминатите пет години, таа има Алцхајмер. Таа има деменција. Лудо е – го оживеавме тоа, таа го одглуми и сега го има“ – рече Ник.

Џина Роуландс Џина Роуландс Џина Роуландс Џина Роуландс

Алцхајмерова болест е болест од групата на невродегенеративни заболувања. Обично се јавува кај населението над 65 годишна возраст и е одговорна за 60% од дементните заболувања. Карактеристично е прогресивно влошување на когнитивните функции, со намалена способност за извршување на дневните активности, промени на расположението и карактерот и невропсихолошки симптоми. Не постои лек за оваа болест.

*Според Американскиот национален институт за стареење, постојат седум предупредувачки знаци на болеста:

  • Повторување на едни исти прашања.
  • Повторување на една иста приказна.
  • Заболениот не знае да извршува одредени секојдневни активности пр. готвење, играње карти, ракување со далечински управувач.
  • Заболениот не знае да раководи со пари, сметки, префрлања и сл.
  • Заболениот не може да најде одредени предмети или ги сместува на невообичаени места и мисли дека други лица ги преместиле истите.
  • Запоставување на сопствениот надворешен изглед.
  • Болниот одговара на прашања со поставување на истото прашање кое му е упатено нему.
Џина Роуландс

*Извор: Wikipedia

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Петар Денковски

    Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“

    Sat, 12/13/2025 - 18:51
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.