• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Другарството е богатство“: Инклузивен настан во Скопје за зголемување на свеста за лицата со атипичен развој

6 мај 2026, 01:50
  • cподели
Другарството е богатство

На 10 мај на Школка со почеток во 11 часот, ќе се одржи настан за  зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој како и за нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството, во организација на Здружението „Аутизам ААМК“.

Тоа ќе биде седми по ред од 2018 година, а како и претходните, така и овој,  ќе биде една голема игротека со многу разновидни активности – спортски, забавни и едукативни, како и музичка и ликовна работилница, но и мноштво од сценски настапи. И сето тоа ИНКЛУЗИВНО.

Настанот ќе трае од 11 до 14:30 часот и поканети се сите, Школката е отворена за секого.

Она што сакаме да докажеме и покажеме, како и секогаш на нашите дружби, е тоа дека и децата со атипичен развој сакаат да играат, да се смеат, да пеат, да другаруваат. И тие сакаат да бидат поканети на родендени, но и другите деца да доаѓаат на нивните.

Но најважното од сè – сакаат да бидат заедно со другите деца.

Преку игра и песна да им покажеме на семејствата со типичен развој дека треба да ги надминат своите предрасуди и стравови коишто се резултат само на страв од непознатото и да се обидат да се запознаат со атипичните лица и со нивните семејства, да дознаат за самата болест или состојба, да најдат начин на којшто би им помогнале. Но, за да е возможно сето тоа, пред сè овие лица треба да бидат прифатени токму онакви какви што се.

Другарството е богатство



Овој голем чекор може да даде голем придонес во заедничкото секојдневие и градењето на  здраво инклузивно општество.

А децата... децата за разлика од нас големите, гледаат со срцето и со душата, тие гледаат само деца со некаква различност, но и многу сличност, затоа што и едните и другите сакаат да Растат и да Играат заедно.

Дојдете на Школка, понесете со себе насмевки, прегратки и многу љубов и сите ЗАЕДНО да кажеме гласно – ДРУГАРСТВОТО Е БОГАТСТВО.

Гуш и Бац.
 

Tags
Аутизам ААМК
аутизам

Најнови

  • Александар Темелков со сопругата Сара

    Се венчаа кога тој имаше 24, а таа 16 години: Александар Темелков се разведува од сопругата Сара

    Wed, 05/13/2026 - 12:55
  • Сите детали како да дојдете до влезница за спектаклот на Дејвид Гета во Скопје, картите чинат САМО 35 денари

    Wed, 05/13/2026 - 12:55
  • „Не беше секогаш лесно, но вредеше за оваа љубов“: Миро и Ивана Кацаров пресреќни со синчето кое полни 6 месеци

    Wed, 05/13/2026 - 11:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.