• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Другарките излегоа, јас не“: Трогателно сведоштво на Надалина, ќерката на градоначалникот на Кочани, за пеколот во „Пулс“

5 декември 2025, 11:15
  • cподели

Невозможно е да не ве трогне и потресе сведоштвото на Надалина Грозданова за ужасниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Младата девојка, која е ќерка на актуелниот градоначалник Владко Грозданов, во интервју за српскиот Курир се отвори за кобната ноќ:

Беше сабота, го славевме 19-тиот роденден на нашата најдобра другарка кај неа дома. А потоа, ние петте отидовме на настапот на ДНК.

Надалина
Надалина пред пожарот

На почетокот сè беше нормално. Диџеј, па бендот ДНК. Преполно беше, ние бевме околу третиот ред од сцената. Се активира и пиротехниката, сè е вообичаено. Не обрнуваме внимание. А потоа, во рок од една минута, пламенот беше насекаде.

Брзавме кон излезот, еден единствен, а ние бевме повеќе од 600 лица. Сите кон вратата. Гужва.

Другарките успеаја да излезат, јас не. Почна паничен напад, се онесвестив.

Последната слика ми е како луѓе врескаат, обидувајќи се да излезат. Кога се освестив, сè беше темно.

Не бев ни свесна дека се случило нешто сериозно. Можеби потсвесно се обидувам да избришам сè што сум видела, да не памтам ништо.

Кога ги отворив очите, само знаев дека сум заглавена и дека морам да излезам. Хаос.

Ни сама не знам како успеав, ако ми верувате. Тоа е некоја виша сила, не е нешто што можеш да го направиш сам.

Се сеќавам дека поминав низ вратата, но на она што беше околу мене, не се сеќавам. Сè е избришано.

Стигнав до болницата, разговарав со родителите и буквално функционирав потполно нормално. Но, ништо не памтам, тоа е некој шок.

Кога се разбудив од кома во Грција, по операциите и сè, воопшто не знаев зошто сум во болница. А потоа, додека сè уште бев на интензивна нега, родителите ми кажаа што се случило, колкумина настрадаа.

Благодарна им сум, тоа беше најисправно. Тогаш сфатив од колкав размер е трагедијата и дека настрадале луѓе кои ги познавам. Сфатив дека сум изгубила пријатели, другари...

Надалина
Надалина на доделувањето на награда - Првенец на генерацијата (СОУ „Љупчо Сантов“)

Како што минува времето, сфаќаш дека навистина ги нема. Не е лесно да се бориш со тоа секој ден. Постојано. Но, преостанува само борбата. Ова ми е животна лекција. Сега разбирам колку е минливо сè што мислев дека вреди. Бев многу амбициозна, давав сè од себе за денот кога ќе ја добијам титулата ученик на генерацијата, која и ја добив.

Но, знаете ли колку вреди таа титула на интензивна нега?! Ништо! Само сакам да бидам добро. Само на тоа мислам, на ништо друго. Сè во животот се постигнува, сè додека си здрав и жив и со тебе се твоите најблиски. Ништо друго не треба. Тоа е таа разлика. А човек не е свесен дека тоа е суштината.

Смелата девојка, која планира да студира медицина и сè повеќе клони кон дерматологија, вели: „Борба – тоа ни преостанува, ништо друго. И другите преживеани и родителите кои изгубија дете, секој од нас носи камен околу вратот кој може и мора да го носи.“

Надалина се лекува во Белград.

Како последица на пожарот во „Пулс“, кој избувна во раните утрински часови на 16 март, згаснаа 63 животи, а над 200 лица беа повредени. Пред само денови започна судскиот процес, со кој стана јасно дека обвинетите не се чувствуваат виновни за трагедијата.
 

Tags
пожарот во Пулс

Најнови

  • „Другарките излегоа, јас не“: Трогателно сведоштво на Надалина, ќерката на градоначалникот на Кочани, за пеколот во „Пулс“

    Fri, 12/05/2025 - 11:15
  • Бојата на 2026 година е... Cloud Dancer, бела нијанса која е симбол на мир во бучниот свет

    Fri, 12/05/2025 - 10:37
  • „Ја повикувам цела Македонија да гласа, за да се случи чудо“: Нела Манческа возбудена пред да нè претстави на детската Евровизија

    Fri, 12/05/2025 - 09:59
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.