• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Драгарски со тебе сме“: Малите фудбалери од Битола ни одржаа животна лекција по емпатија

6 мај 2026, 12:13
  • cподели

Кога ќе споменете фудбал, првата асоцијација се голови, резултати и желба за победа. Но, ако погледнете низ очите на генерацијата 2018 на ФК Пелистер, ќе видите една сосема поинаква слика. Ќе видите емпатија и другарство.

Малите фудбалерчиња од Битола ни одржаа моќна лекција и покажаа дека растат со вистински животни вредности. Кога нивен соиграч поради операција не можеше да се натпреварува на турнир во Охрид, тие му дадоа поддршка која топи срца.

Освен што му подарија топка како симбол на заедништво, тие истрчаа на теренот во Охрид со маици со натпис „Драгарски со тебе сме“.

Деца фудбалери на Пелистер
Деца фудбалери на Пелистер

Зад овој брилијантен чин на човечност стојат и родителите, но и нивниот тренер Симе Бендевски, кој очигледно сфатил дека најважната мисија пред да создаде врвни фудбалери е да создаде врвни луѓе.

Во свет кој често знае да биде суров, отуѓен и фокусиран исклучиво на личниот успех, да се види ваква емпатија кај деца на толку мала возраст е вистински зрак надеж.

Деца фудбалери на Пелистер
Деца фудбалери на Пелистер

Кога ќе пораснат, овие момчиња веројатно нема да се сеќаваат на точниот резултат од натпреварите во Охрид. Но, засекогаш ќе го носат во себе чувството на лојалност, грижата за ближниот и непобедливата моќ на подадената рака во тешки моменти.

Со вакви срца полни со емпатија, можеме да бидеме сигурни дека иднината ни е во најдобри можни раце.

Деца фудбалери на Пелистер
Tags
емпатија

Најнови

  • Сите детали како да дојдете до влезница за спектаклот на Дејвид Гета во Скопје, картите чинат САМО 35 денари

    Wed, 05/13/2026 - 12:55
  • „Не беше секогаш лесно, но вредеше за оваа љубов“: Миро и Ивана Кацаров пресреќни со синчето кое полни 6 месеци

    Wed, 05/13/2026 - 11:55
  • Хајди Клум шармираше во креација од Ели Сааб на црвениот тепих во Кан

    Wed, 05/13/2026 - 10:26
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.