• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Дознала дека е бремена 9 дена пред породувањето

6 декември 2010, 11:00
  • cподели

Ејми Фарбер е 19-годишна девојка од Сомерсет, Велика Британија која дознала дека е бремена само 9 дена пред да го донесе на свет својот син.

Пред 9 месеци докторите ѝ кажале на Ејми дека има циста на јајниците, па дури ѝ препишале да прима антибиотици кои се забранети за бремени жени. Но, она што требало да ѝ го кажат тогаш е дека е бремена.

Ејми и ДејвидЕјми со нејзиниот син Дејвид

Неверојатната случка на Ејми започнала во март, кога таа отишла на доктор и се пожалила дека се чувствува уморна и дека има болки во стомакот.

Крвните тестови наводно покажале дека Ејми има циста на јајниците и ѝ биле препишани антибиотици кои жените не би требало да ги примаат во текот на бременоста.

Младата тинејџерка воопшто не ни помислувала дека може да е бремена, затоа што започнала и да слабее. Таа продолжила да се забавува со своите пријатели, а пред еден месец и пешачела 4 километри во рамките на карневал во Сомерсет, незнаејќи дека веќе е во напредната бременост.

Но, неколку дена по карневалот таа повторно отишла на доктор со поплаки дека чувствува остра болка на едната страна од телото. Повторно направила тестови на крвта и наредниот ден, на 20 ноември, ѝ се јавила медицинска сестра која ѝ соопштила дека нема циста, но дека е бремена.

„Не знаев што да направам. Почнав да плачам и веднаш ѝ се јавив на мајка ми.“

„Два дена подоцна ме пуштија на скенирање. Мајка ми ми кажа да очекувам да видам нешто малечко во форма на гравче. Но, наместо тоа, таму имаше бебе кое ни се насмевнуваше.“

„Си помислив дека тоа е скенирањето на некој друг, но сестрата ми кажа дека она што го гледам е бебето кое е во мојот стомак. Не можев да поверувам“ – раскажала Ејми.

Ејми требало да се породи на 13. декември, но го родила својот син Дејвид две недели предвреме на 29. ноември.

Таткото на бебето, Стјуарт Тарнер, има 21 година и е воодушевен од раѓањето на Дејвид, но Ејми сама ќе го расте бебето со поддршка од своите родители.

„Не можев да поверувам кога ми кажаа дека сум бремена. Бев многу изненадена, но сега сум навистина среќна“ – признала Ејми.

Tags
неочекувано породување

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.