• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Домашна задача која вреди повеќе од трофеј: Боксерот Гого Славески трогнат од составот на детенце

17 декември 2025, 13:48
  • cподели

Македонскиот боксер Горјан Гого Славески сподели фотографија која искрено ги трогна неговите следбеници на социјалните мрежи.

Светскиот шампион во борби без ракавици објави домашна задача од свој млад фан, во која посветеноста и животната приказна на Гого се наведени како инспирација.

Горјан Гого Славески

Домашната задача, насловена „Мојот омилен спортист“, напишана со детски ракопис и искреност, го опишува боксерот на едноставен, но длабоко емотивен начин.

„Овие работи ми се позначајни од било каков трофеј и се мотивација, потсетник да не помислам на било каков застој во оваа кариера. Само напред царче верувам дека ќе постигнеш 10х поголем успех од мене!!“ – напиша Славески во описот на објавата, која собра бројни позитивни реакции.

Објава на боксерот Гого Славески

Гого во објавата го претстави и детето кое стои зад ова дело, истото момче што се појавува и во видеозаписот за песната „Води ме“ од Слаткар и Калиопи. Во спотот, токму тоа дете го глуми малиот Гого, кој сонува да стане она што е денес, и покрај сите препреки на патот.

Објава на боксерот Гого Славески

Спотот за „Води ме“

Tags
Горјан Гого Славески

Најнови

  • „Тие ми те зедоа од раце, ама никогаш нема да ми те земат од душата“: Трогателен текст на мајката на Ивона која загина во „Пулс“

    Wed, 12/17/2025 - 23:55
  • Горјан Гого Славески

    Домашна задача која вреди повеќе од трофеј: Боксерот Гого Славески трогнат од составот на детенце

    Wed, 12/17/2025 - 13:48
  • Клиника Жан Митрев

    За првпат во Клиника Жан Митрев изведена процедурата позната како „Бесконтрастно коронарно стентирање“

    Wed, 12/17/2025 - 13:09
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.