• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка

24 ноември 2023, 19:35
  • cподели

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври.

Наградната игра беше поттик за клиентите кои се корисници на Mastercard картичките од Стопанска банка да ја зголемат употребата на картичките во секојдневните плаќања, поттикнувајќи ги безготовинските плаќања во прометот наместо употребата на готовина. Дополнителни прилики за учество во наградната игра се добиваа со плаќање на рати, купување онлајн и со користење на новата можност за плаќање преку Google Pay мобилниот дигитален паричник, што за првпат беше овозможен за користење во нашата земја оваа година. Во извлекувањето за главната награда за период од четири месеци се квалификуваа речиси 7 милиони трансакции, што е уште поголема сатисфакција за добитникот со оглед на големата конкуренција.

Доделен автомобил Tesla

На доделувањето на наградата, генералниот извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје, Диомидис Николетопулос, му ги предаде клучевите од возилото на добитникот и му посака многу здравје и уште повеќе среќа понатаму во животот.

Добитникот е долгогодишен клиент на Банката кој се заблагодари за наградата и истакна дека таа претставува големо задоволство за целото семејство со кое беше присутен на доделувањето.

Доделен автомобил Tesla

Во рамки на наградната игра, покрај главната награда беа доделени и 12 Garmin часовници, 4 парични награди по 50.000 денари и 4 парични награди по 100.000 денари. Им честитаме на сите 21 добитници и им посакуваме многу среќа и понатаму.

Доделен автомобил Tesla

Стопанска банка АД - Скопје соработува со картичниот бренд Mastercard од 2009 година и за кратко време Банката стана еден од најзначајните партнери и издавачи на овој картичен бренд во нашата земја. Банката е посветена на продолжување и унапредување на соработката со Mastercard и благодарни сме на соработката и на поддршката што ја добиваме од тимот на Mastercard со кој заеднички успеваме да создадеме успешна приказна со големо и растечко семејство на задоволни корисници. Продолжуваме заедно да создаваме интересни и атрактивни понуди за корисниците на платежните картички, но и за распространетата трговска мрежа која ги прифаќа картичките.

Tags
Стопанска банка

Најнови

  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • Хороскоп

    Најсреќните денови во 2026 година според хороскопот за секој знак

    Thu, 01/08/2026 - 14:13
  • „Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

    Thu, 01/08/2026 - 12:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.