До 99 денари, а ќе ви се најдат секој ден: 5 производи од dm што заслужуваат внимание, a имаат германски квалитет
Колку секојдневни потреби може да покриете со производи што чинат до 99 денари? Од лична хигиена и нега за најмалите, преку храна, па сè до чистење на домот – во dm може да се пронајдат практични производи по долгорочно поволни цени и одличен квалитет. Токму тоа е суштината на концептот „dm секогаш поволно“ – да купувате кога ви е потребно, без да чекате краткотрајни акции и ограничени понуди. Овојпат издвојуваме пет производи од dm марките Jessa, babylove, dmBio и Denkmit, кои покажуваат како изгледа „Секогаш повеќе за моите пари“ во секојдневното пазарување.
За деновите од менструалниот циклус, Jessa Ultra Skin Comfort Normal влошките, достапни по цена од 59 денари, обезбедуваат сигурна заштита и удобност. Имаат силно впивачко јадро кое брзо ја апсорбира течноста, додека крилцата овозможуваат дополнително прицврстување и помагаат влошката да остане на своето место. Млечната киселина создава средина со pH вредност нежна кон кожата, а влошките помагаат и во задржување на непријатните мириси. Не содржат мириси и се нежни кон кожата, за поголема сигурност и удобност во текот на денот.
Практичен производ кој може да биде корисен за целото семејство се babylove Sensitive влажните марамчиња, по цена од 79 денари. Создадени се за чувствителна кожа и погодни се за употреба уште од раѓање. Содржат состојки за чистење на растителна основа, а благиот лосион со екстракт од бадем обезбедува хидратација и може да помогне во спречување на иритациите на кожата. Не содржат парфем и алкохол, односно етанол, а меката и впивачка текстура овозможува нежно чистење на пеленската регија. Може да се користат и за рацете, лицето и телото, како и за чувствителна кожа кај возрасни, а подносливоста на кожата е дерматолошки потврдена.
И меѓу намирниците се наоѓа интересен предлог – dmBio напитокот на база на ферментиран овес без глутен, кој чини 95 денари. Станува збор за органски производ со благ вкус и разновидна примена, кој може да се пие самостојно, да се додаде во кафе или да се користи при готвење и печење. Природно не содржи млечни протеини и лактоза, а е и без додаден шеќер.
Од кујната се префрламе во бањата, каде за 65 денари, Denkmit гелот за чистење на тоалетната школка со мирис на магнолија помага во одржувањето на хигиенската чистота. Неговата формула е наменета за ефикасно отстранување на бигор и нечистотии, придонесува за сјај и со редовна употреба помага во спречување на создавањето нови наслаги. Мирисот на магнолија дополнително остава пријатна цветна свежина по чистењето.
За чисти садови и формула нежна кон кожата, Denkmit балсамот за рачно миење садови со алое вера е практичен избор по цена од 69 денари. Неговата концентрирана формула ефикасно ги отстранува маснотиите и тврдокорните нечистотии, додека алое верата придонесува формулата да биде особено нежна кон кожата. Производот е дерматолошки испитан, а свежиот мирис на алое вера внесува пријатно чувство при секојдневното миење садови.
Пет производи за различни секојдневни потреби, а ниту еден поскап од 99 денари. Од личната и бебешката нега, преку растителен напиток, до производи за чистење на домот – овој избор е уште еден пример за концептот на dm „секогаш поволно“ и можноста секојдневните производи да се купуваат по долгорочно поволни цени.