• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

dm дрогерие маркт донира над 1 милион денари во медицинска опрема за гинеколошкиот оддел при клиниката за радиотерапија и онкологија

21 март 2023, 13:18
  • cподели

Со цел давање придонес во подобрување на условите при третманот и грижата за женското здравје, во месец март – месец посветен на жената, компанијата dm дрогерие маркт донира повеќе од еден милион денари во медицинска опрема и апарати за подобрување на условите за работа во гинеколошкиот оддел при ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје.

Компанијата dm дрогерие маркт, која важи за голем поддржувач на заедницата, со набавка на два гинеколошки прегледни стола, две столчиња за преглед и стерилизатор за медицинска опрема уште еднаш ја докажа својата посветеност кон создавање на подобри услови за грижа и одржување на женското здравје.

dm донација

Изминатата година dm донираше повеќе од 1,6 милиони денари во пет гинеколошко-акушерски клиники низ земјата. Преку овие донации компанијата обезбеди поддршка за родилките, а оваа помош значеше и подобрени услови и за новороденчињата, како и за мајките по породувањето.

„Како општествено одговорна компанија инвестираме во заедницата во којашто делуваме, трудејќи се да опфатиме широк круг на институции и здруженија. На овој план, годинава ја отпочнуваме со донација во гинеколошкиот оддел, по повод март, месецот на жената. Ова е од особено значење за нас бидејќи како компанија сме најисполнети кога даваме придонес во подобрувањето на животот во нашата заедница. Општествениот ангажман и одговорноста се секогаш врвни приоритети на нашата компанија“ - изјавија од dm дрогерие маркт.

dm drogerie markt, кај широката јавност е позната како компанија што е заснована и којашто целосно се придржува до принципите на општествена одговорност. Изминатата деценија, преку најразлични активности и проекти компанијата потврди дека постојано црпи инспирација од заедницата во којашто работи и токму затоа помага во нејзиниот континуиран развој. Само во деловната 2021/22 година, dm drogerie markt донира рекордни 5.3 милиони денари во општествено-корисни проекти од најразлични области.

Комерцијален текст

Tags
dm дрогерие маркт

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.