• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Џенифер Лопез со емотивна честитка полна со стари спомени за 18-тиот роденден на нејзините близнаци

23 февруари 2026, 12:26
  • cподели

Близнаците на Џенифер Лопез наполнија 18 години.

56-годишната музичарка со фотографии и видеа им го честиташе роденденот на близнаците Еми и Макс кои ги има од бракот со бившиот Марк Антони. 

Лопез на Instagram објави интимно видео со моменти од нивното растење, од бебешките денови до настапите на големата сцена заедно со неа.

Во описот, Лопез напиша емотивна порака во која се потсети на ноќта кога ги роди, среде снежна бура во Њујорк.

Се родивте среде ноќ, во текот на најголемата и најубава снежна бура која Њујорк ја видел во години наназад!

Се сеќавам како таа ноќ се возев со автомобилот и гледав низ прозорецот, сè блескаше и беше покриено со белина, додека ве чував двајцата во мојот стомак во последните моменти пред да ве родам. Како Бог да се погрижил да влезете во свет исполнет со чиста магија! Во срцето знаев дека така секогаш ќе изгледа вашиот живот!

Кога ве држев како бебиња, искрено чувствував како да држам два ангела испратени директно од небото. Животот ми се промени засекогаш. Не можам да поверувам дека сега сте возрасни… 18 години... 

„Те сакам“ никогаш не може целосно да ја опише длабочината на чувствата, нежноста и грижата кои ги имам за вас, мои мали кокоси. Отсекогаш сме биле ние тројца!! Заедно сме на ова патување. Секогаш сме си биле поддршка и стабилно присуство среде секоја снежна бура. И ви ветувам, без разлика колку ќе пораснете, така ќе биде засекогаш.

Секогаш запомни, Лулу, ти си моето сонце… а Макс, ти си прекрасен токму таков каков што си!!

Ве сакам
Ве сакам.

Близнаците неодамна се појавија со својата мајка на црвениот тепих на премиерата на филмот „Kiss of the Spider Woman“.

Tags
Џенифер Лопез

Најнови

  • Олимпијката Јута Лердам со моќна порака по освојувањето злато и сребро на ЗОИ: „Цел живот ме осудуваа за шминката“

    Mon, 02/23/2026 - 14:00
  • Инстант лоз Титаниум

    Со само 100 денари до нов автомобил!

    Mon, 02/23/2026 - 13:00
  • Џенифер Лопез со емотивна честитка полна со стари спомени за 18-тиот роденден на нејзините близнаци

    Mon, 02/23/2026 - 12:26
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.