• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Девојка која го преживеа пожарот во Кран-Монтана ги покажа изгорениците: „Момент на чист терор“

2 февруари 2026, 14:32
  • cподели

Храбра девојка, која беше меѓу повредените во пожарот во Кран-Монтана на новогодишната вечер, ги покажа изгорениците на лицето и рацете. 

Елеонора Палмиера претрпе тешки изгореници во трагедијата во швајцарскиот ноќен клуб „Le Constellation“, а изјави дека телото побрзо ќе заздрави од душата.

„Изгорениците ќе ја обележат кожата, но душата е таа што најтешко заздравува. Не смееме да дозволиме таа ноќ да ни ги дефинира животите“ – изјавила Палмиери.

29-годишната Италијанка раскажала дека само што пристигнала во клубот со своето момче Филипо, била турната внатре од луѓе кои панично бегале. Филипо успеал да излезе со толпата, но таа останала заробена внатре.

„Потоа дојде светлината – јазик од оган што неверојатно брзо се движеше кон мене. Момент на чист терор во кој сите мои сетила беа обземени од жештината“ – се присети таа.

Во пожарот згаснаа 40 млади животи, а 116 лица беа повредени. Палмиери беше една од 12-те повредени лица пренесени со хеликоптер во Милано, од каде неодамна беше пуштена на домашно лекување.

Младата жена се појави на социјалните мрежи со видео, покажувајќи го своето лице со видливи траги од изгореници. Во сега избришаното видео пишуваше:

Зад секој натпис и секој наслов во весниците стои вистински живот. Живот исполнет со страв, но пред сè со храброст и сила да се продолжи понатаму. Сакам да им се заблагодарам на оние кои никогаш не ми ја пуштија раката, на моето семејство и на мојот партнер кој остана со мене дури и во таа болничка соба.

Огромна благодарност им должам на лекарите и на целиот медицински персонал во болниците кои ме лекува со исклучителна професионалност и човечност. Ако денес сум тука и можам да раскажувам, тоа е и ваша заслуга.

Tags
Кран-Монтана
Елеонора Палмиера

Најнови

  • Девојка која го преживеа пожарот во Кран-Монтана ги покажа изгорениците: „Момент на чист терор“

    Mon, 02/02/2026 - 14:32
  • Греми 2026

    Хајди Клум едвај се движеше во латекс, Лејди Гага драматична со пердуви... Модата на Греми 2026

    Mon, 02/02/2026 - 12:51
  • „Јас сум тука, јас вредам!“: Дечиња со аутизам приредија изложба, ги посети и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

    Mon, 02/02/2026 - 12:36
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.