• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

„Денот Господов“ - новата песна на Јована Богданоска

12 април 2026, 18:02
  • cподели
Јована Богданоска

Додека го празнуваме големиот христијански празник Велигден, Јована Богданоска ја објави својата најнова песна „Денот Господов“.

Станува збор за емотивна и духовно инспирирана композиција која ја слави победата на животот, верата и надежта, носејќи силна порака за нови почетоци и внатрешно будење.

„Оваа песна ја доживува својата премиера токму за Велигден, кога сите ја славиме победата на животот, верата и надежта. ‘Денот Господов’ за мене има длабоко значење и ја носи симболиката на духовно будење и светлина“, вели Богданоска.

Македонската пејачка открива дека процесот на снимање бил исклучително емотивен.

„Имав чувство дека не снимам само музика, туку пренесувам порака од срце. Делот ‘Христос воскресна’ беше најемотивниот момент – исполнет со вера, радост и силна духовна енергија“, додава таа.

Пораката до публиката е да не се губи вербата, без разлика на предизвиците.

Зад целокупната продукција на проектот стои авторот и продуцент Темелко Андреев, кој со својот професионален пристап и визија придонесува за финалниот звук и квалитет на песната. За инспирацијата и пораката на проектот вели:

„Инспирацијата за оваа песна е вечната и непроменлива вистина - дека Христос е жив и дека со Него доаѓаат и наградата и праведниот суд.
Ова е охрабрување за сите кои веруваат – дека последните времиња не се крај со страв, туку победа со светлината над темнината. Потсетување дека злото е минливо, а добрината, верата и побожноста имаат вечна вредност.
Христос воскресна.
Христос е жив.“

Видео

Tags
Јована Богданоска
македонска музика

Најнови

  • Јована Богданоска

    „Денот Господов“ - новата песна на Јована Богданоска

    Sun, 04/12/2026 - 18:02
  • Бојана Скендеровски со семејството

    „Велигден го славиме кај моите родители, а ручекот секогаш е со јагнешко“: Бојана Скендеровски за празниците и мајчинството

    Sun, 04/12/2026 - 07:30
  • Викторија Лоба

    Викторија Лоба го испроба виралниот тренд со масло за елегантни велигденски јајца

    Thu, 04/09/2026 - 19:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.