• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Дејан Ѓошевски доби награда во Уругвај за сценографијата за филмот „Бизнисот на задоволството“

17 јули 2024, 11:10
  • cподели

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски се закити со десетто признание на меѓународните филмски фестивали во светот.

Овојпат, наградата доаѓа од Сине дел Мар во Уругвај и е адресирана за Дејан Ѓошевски кој стои зад продукцијата на дизајн.

„Уште една убава вест. Дејан Ѓошевски е добитник на специјална диплома (special mention) за продукција на дизајн во Уругвај. Славиме 10 награди“, е објавено на официјалната Фејсбук страница на филмот.

Дејан Ѓошевски

Бизнисот на задоволството досега доби три награди за најдобар филм во Јужна Америка, а во септември ќе ја има и својата бразилска премиера на 32. издание на Еко Сине Интернешнал Филм во Сао Паоло.

Филмот од септември македонската публика ќе има можност да го гледа во кино салите.

Бизнисот на задоволството ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Бизнисот на задоволството

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Бизнисот на задоволството

Финансиран е од Агенцијата за филм.

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Петар Денковски

    Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“

    Sat, 12/13/2025 - 18:51
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.