• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Бременост

Дали сум бремена?

17 септември 2009, 13:06
  • cподели

Ако сте во необично добра хармонија со вашето тело, може да се посомневате дека сте бремена уште во првите неколку дена од вашата бременост. Но, за повеќето жени првиот знак кој им укажува дека можеби ќе станат мајки е отсуството на менструација.

Сепак, отсуството на менструација може да биде предизвикано од многу други причини, па затоа не избрзувајте со заклучоците само на базата на еден симптом. За да бидете сигурна, размислете дали имате и други симптоми.

Еве ги петте најчести симптоми на раната бременост. Вие можете да ги доживеете сите, неколку или ниту еден од овие симптоми.

Дали сум бремена
Доцнењето на менструацијата, честото мокрење, заморот, гадењето и чувствителните гради се првите симптоми на бременоста.
  1. Доцнење на менструацијата. Ова е најјасен знак дека ќе станете мајка. Но, не треба да го земате здраво за готово. Стресот и многу други фактори можат да предизвикаат нередовен менструален циклус.
  2. Често мокрење. Уште во почетните фази од бременоста, идните мајки почнуваат почесто да мократ. Кон крајот на бременоста, матката сè повеќе расте и притиска врз мочниот меур, па затоа подгответе се за чести посети на тоалетот.
  3. Замор. Заморот е еден од првите знаци на бременоста. Тој е резултат од високото ниво на хормонот прогестерон во телото на идните мајки.
  4. Утринско гадење. Гадливоста не мора да значи дека се појавува само во текот на утрото. Кај некои жени т.н. утрински мачнини траат во текот на целиот ден. Околу половината од бремените жени имаат утрински мачнини изразени со повраќање.
  5. Чувствителни гради. Ако сте бремена, вашите гради ќе станат осетливи на допир, слично како пред да добиете менструација. Овој симптом се јавува поради зголеменото ниво на хормони во телото.

Ако ги имате сите овие симптоми или сте почувствувале дел од нив, направете си тест за бременост колку што е можно поскоро.

Tags
бременост
симптоми на бременост

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.