• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Дали ми веруваш?“: Муслиман со врзани очи бара прегратка од минувачи

25 март 2015, 13:29
  • cподели

Муслиманите низ светот често се мета на стереотипните сфаќања на луѓето и неретко се нарекувани „терористи“.

Групата STHLM Panda направи социјален експеримент со кој тестираше колку жителите на Стокхолм им веруваат на луѓето од исламска вероисповед. Во видеото е прикажан брадест муслиман кој стои на улица со врзани очи и раширени раце. Пред него е поставен знак на кој пишува: „Јас сум муслиман, тоа не е исто со терорист. Дали ми веруваш? Јас тебе ти верувам“.

Иако на почетокот минувачите не обрнуваат внимание на натписот на Ашкан, подоцна еден по еден започнуваат да го прегрнуваат, покажувајќи му ја својата доверба.

„Ти верувам“, „Се разбира дека ти верувам“, „Те сакам господине“, „Не сум муслиман, но те почитувам“, „Чувствувам љубов од тебе“, „Ова е толку убаво“ – се само некои од речениците кои Швеѓаните му ги кажуваат на Ашкан во видеото.

Вкупно 142 лица избраа да му подарат прегратка на Ашкан.

Tags
социјален експеримент

Најнови

  • „Ишил“ од турската серија „Шербет од брусница“ почина на 35-годишна возраст, еден ден по роденденот

    Mon, 06/15/2026 - 22:29
  • Свадбата на Марина Ангеловска

    Нина Ангеловска гламурозна на свадбата на сестра ѝ во Скопје

    Mon, 06/15/2026 - 21:30
  • Емина Јаховиќ горда мајка на матурата на синот, Мустафа Сандал пристигна со новата сопруга

    Mon, 06/15/2026 - 13:54
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.