• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Дали чудесно ќе станам мајка на 52 години?“: Џенифер Анистон искрена за шпекулациите дека избрала кариера пред деца

9 декември 2021, 22:15
  • cподели

Џенифер Анистон со децении гради успешна кариера, но честопати е во центарот на вниманието на медиумите и јавноста со шпекулации околу тоа дали сака да стане мајка или не, дали е бремена или не.

Во најновото интервју за The Hollywood Reporter, ѕвездата од „Пријатели“ се отвори за многуте гласини кои особено во минатото се ширеа за нејзиниот приватен живот.

Џенифер Анистон

„Порано си го сфаќав премногу лично. Гласините за бременост и сите тие претпоставки како ‘ох, таа избра кариера пред деца’. Си велев: ‘Вие немате поим што се случува со мене на личен план, медицински, зошто не можам... можам ли да имам деца?’ Тие не знаеја ништо и многу беше болно и злонамерно“ – рече таа.

Џенифер Анистон Џенифер Анистон

Анистон вели дека социјалните мрежи се новите таблоиди и дека во денешно време, секој може да навредува од зад екран.

„Она што тогаш таблоидите и медиумите им го правеа на луѓето за личниот живот, сега го прават обичните луѓе. Немам видено таблоид одамна. Дали сè уште гласините се дека ќе имам близнаци? Дали на чудесен начин ќе станам мајка на 52 години? Сега ги имате социјалните мрежи. Како медиумите да им го предадоа мечот на кого било кој седи зад компјутерски екран за да биде трол, или како и да се нарекуваат, и да навредува луѓе во коментари. Не знам зошто има таков злобен тренд во општеството. Често се прашувам што им е возбудливо во тоа“ – изјави таа.

Говорејќи за двојните стандарди кои ни се наметнуваат, Џенифер искоментира: „Мажите можат да се женат толку пати колку што сакаат. Можат да се женат со жени во нивните 20-ти или 30-ти години. На жените не им е дозволено тоа.“

Џенифер Анистон

По разводот со Бред Пит, Анистон беше мета на неосновани и мизогинични коментари дека токму таа била причината за разделбата затоа што сакала да се фокусира на работата, а не на создавањето семејство.

Tags
Џенифер Анистон

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.