• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Човечност, заедништво и емпатија – мали дела кои носат големи промени!

14 јули 2022, 11:12
  • cподели

„Позитивните промени, кои секој сака да ги види во своето опкружување, започнуваат во самите нас. Поединците го придвижуваат напредокот, а нивните акции стануваат инспирација и мотивација за другите... и така сонот станува реалност.“

„Кога една компанија во своето работење применува принципи како човечност, заедништво и емпатија, работата се претвора во вистинско задоволство, а годините минуваат како минути“ – вели Билјана Миленовиќ, регионален менаџер на продажба во dm дрогерие маркт.

На првата работна позиција, како асистент во секторот Набавка, задолжена за сопствените dm брендови - познатите dm Марка производи, Билјана успева да ги запознае процесите на работа на компанијата, планирањето, како и квалитетот на овие производи. Благодарение на нејзиното претходно искуство стекнато во Германија, поминуваат само 10 месеци до нејзиното ново работно место како менаџер на продажба. Денес, десет години подоцна, Билјана е неизоставен дел од успешниот тим кој раководи со 22 дрогерии во 10 градови.

Билјана Миленовиќ

„Уште кога живеев во Германија и прв пат влегов во dm, имав желба да бидам дел од еден таков прекрасен тим! За мене, моите почетоци во dm значат целосна реорганизација на мојот живот и, верувале или не, преселба на целото семејство од Германија повторно во нашата родна земја, после цели 15 години“.

Вистински придонес за заедницата и препознавање на нејзините потреби е еден од основните постулати на dm дрогерие маркт како компанија, вели Билјана Миленовиќ, која својата кариера во dm ја започна пред точно десет години. Како некој кој е веќе една деценија во директен контакт со купувачите и вработените, Билјана нејзината најголема инспирација ја наоѓа токму во нив, задоволните купувачи и вработени.

Позитивните начела кои компанијата ги негува се една од главните причини зошто Билјана избира да ја гради својата кариера во dm веќе десетта година. Како што објаснува, почитта и колегијалноста се на највисоко ниво уште од првиот работен ден, придружени со постојано подобрување и напредување во рамките на оваа креативна и динамична индустрија.

Потврда за позитивното работење на компанијата е и постојаниот општествено-одговорен ангажман, крунисан со многубројни донации и активности поврзани со општественото добро. Покрај тоа, на секое отворање на нова дрогерија, dm организира хуманитарни активности, при кои дел од остварениот промет се донира на локални институции кои даваат помош и поддршка на оние на кои им е најпотребно.

Билјана Миленовиќ

„Нашата компанија, исто така, инвестира во развој и напредок на вработените, како на личен, така и на професионален план. Покрај организацијата на бројни работилници, курсеви и семинари, кои им помагаат во кариерата на вработените, компанијата спроведува и бројни активности насочени кон зачувување и подобрување на здравјето на вработените“ – наведува Билјана.

Како една од активностите за професионален развој, таа ја издвојува постојаната дигитализација во работењето, обезбедување на smart телефони за сите вработени во дрогериите, како и бројни модерни апликации преку кои на вработените им се олеснува секојдневното работење, меѓусебната комуникација и комуникацијата со купувачите.

За прв пат оваа година вработените во dm ќе имаат можност, во соработка со останатите концернски земји, преку проектот dm Академија, да ги прошират своите професионални компетенции и да станат првите обучени дрогеристи на македонскиот пазар. Токму ова е еден од проектите, што Билјана го истакнува како посебен, бидејќи очекува да донесе бројни придобивки, како за купувачите, така и за самите вработени.

Во слободното време Билјана се релаксира со вежбање јога и работи на полето на постојана мотивација и самоподобрување.

„Мојата филозофија е едноставна... однесувај се со другите онака како што сакаш и тие да се однесуваат со тебе. Секогаш верувај во себе и следи ги своите соништа“ – вели таа.

И, додека Билјана Миленовиќ, како член на еден извонреден тим продолжува да дава свој придонес кон компанијата и заедница, dm ѝ пружа целосна поддршка, следејќи го воспоставениот принцип уште од отворањето на првата дрогерија во далечната 1973 година: Човекот во фокусот на сите активности на компанијата.

Tags
dm дрогерие маркт

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.