• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Цела Македонија му се поклонува на „јунакот од скопската обиколница“

8 август 2016, 11:30
  • cподели

Во трагични моменти се раѓаат вистински херои.

Понекогаш е потребно малку за да направиме голема промена. Сторијата за „јунакот од скопската обиколница“ освои илјадници срца. Станува збор за маж кој ги предупредувал патниците за страшното невреме и веројатно спасил многу животи.

Дожд

Сè започна кога д-р Елка Јачева-Улчар сподели на Facebook дека сака да го пронајде мажот кој за време на поројниот дожд ги предупредувал возачите на патот Куманово-Скопје за големите поплави, со цел да му се заблагодари.

Синоќа околу 22 часот влеговме во земјава на граничниот премин кај Табановце. Сè до с. Миладиновци немаше ни капка дожд, освен што гледавме молњи што го параат небото и ни се чинеше дека се во западниот дел на Македонија. Ниту на границата, ниту, пак, на некоја од патарините никој не нè предупреди за страшното невреме што го зафатило Скопје.

Некаде по границата, од една другарка која знаеше дека се враќаме од одмор, добив куса порака: „Избегнувајте ги обиколниците, а во Скопје никако не влегувајте преку Автокоманда. Бегајте подалеку од подвозниците, градот е поплавен.“

На исклучувањето кај х. Белви за да се искачиш на обиколницата, во спротивен правец наредени 5-6 цивилни автомобили со вперени фарови во нас. Застанавме. Еден млад човек, обичен граѓанин, со силна светилка во раката го вперуваше светлото во секој од возачите што возеа во колона од Куманово кон Скопје и кон обиколницата, на дождот стоеше и, видно вознемирен, ламентираше: „Луѓе, спасувајте жива глава, не се качувајте горе (на обиколницата), бегајте! Горе е езеро! Спасувајте жива глава! Горе е страшно!“

Овој млад човек за нас е ХЕРОЈ. Тој синоќа спаси голем број граѓани, особено оние што имаа намера да се упатат кон Западна Македонија по обиколницата.

Апелирам до вас, драги ФБ-пријатели, да го споделувате мојов пост. Сакам да го најдам овој човек и лично да го наградам, зашто со својот личен апел и ангажман спаси голем број човечки животи! И ми ја врати вербата дека, сепак, и покрај сè, сè уште, ПОСТОЈАТ ЛУЃЕ!

За кратко време, професорката од Институтот за македонски јазик успеа да стапи во контакт со херојот, кој таа го опиша како „благороден човек, кој своето постоење го сфаќа како мисија за помош и за доброто на секој човек, независно од вера, пол и политичко убедување“.

Почитувани ФБ-пријатели, благодарение на вашите споделувања дојдов до нашиот херој од вчера. Се вика Веле Богатиновски. До пред две години живеел во Tетовско, а последниве две години во Швајцарија.

Му се јавив на телефон. Ми ја раскажа својата животна приказна која ќе ја задржам за себе. Единствено нешто што можам да кажам за него (а што го дознав од телефонскиот разговор) е дека се работи за благороден човек, кој своето постоење го сфаќа како мисија за помош и за доброто на секој човек, независно од вера, пол и политичко убедување. Не сака никаков публицитет што е уште една потврда за НЕГОВАТА ГОЛЕМИНА!

Нека го следат само добрини во неговата мисија! На сите вас, уште еднаш многу ви благодарам!

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.