• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

„Цела Македонија е горда на тебе“: 11-годишниот Македон освои 6 медали на математички натпревар во Несебар

7 јули 2026, 13:05
  • cподели

За Македон Димитровски границите едноставно не постојат. 11-годишниот генијалец со многу труд, љубов и посветеност си ги остварува соништата и носи огромна гордост за целата држава. 

На престижниот меѓународен натпревар „Математика без граници“ кој се одржа во Несебар, Бугарија, Македон доминираше и си замина дома со дури шест признанија, меѓу кои и титулата „Математичка ѕвезда на турнирот“.

Убавите вести ги споделија неговите родители на социјалните мрежи:

ЕДНО ИМЕ. ЕДЕН ШАМПИОН. МАКЕДОН.

Постојат моменти кога едно дете не победува само за себе – туку ја прави горда цела држава.

Во Несебар, Бугарија, на  меѓународен математички натпревар „Математика без граници“, Македон Димитровски приреди вистинска сензација и беше меѓу најуспешните натпреварувачи на целиот турнир.

🏆 Неверојатен биланс:

🥇 Златен медал на индивидуалниот натпревар „Математика без граници“.

🏆 Прво место – Победник на Купот.

⭐ Math Star of the Tournament. Математичка ѕвезда на турнирот

👑 Апсолутен победник на Купот на градоначалникот на Несебар. 

🥈 Сребрен медал на меѓународниот натпревар по алгебра Ludovico Ferrari. 

🥉 Бронзен екипен медал.

Овие резултати не се случајност. Тие се плод на огромна љубов кон математиката, безброј часови работа, истрајност и желба секој ден да се биде подобар од вчера.

Додека многумина сонуваат за големи успеси, Македон ги претвора соништата во реалност.

Нека ова биде потсетник дека Македонија има млади таленти кои можат да бидат најдобри во светот. Наша обврска е да ги поддржиме, затоа што тие се најубавите амбасадори на нашата држава.

👏 Честитки, Македон! Продолжи да ги рушиш границите и да ја испишуваш историјата. Цела Македонија е горда на тебе!

Македон и неговите родители со песна прославија по патот за Македонија. Тие споделија видео во кое ја пеат „Земјо Македонска“.

Најнови

  • „Цела Македонија е горда на тебе“: 11-годишниот Македон освои 6 медали на математички натпревар во Несебар

    Tue, 07/07/2026 - 13:05
  • Бред Пит со 29 години помладата девојка на свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси, ја официјализираа врската на Instagram

    Tue, 07/07/2026 - 12:40
  • Мала хероина: Нара Смит сподели трогателни фотографии од 2-годишната ќеркичка болна од рак на која ѝ ја избричија главата

    Tue, 07/07/2026 - 12:04
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.