• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Цел град се сплоти за да го одбележи порано Халовин за момче болно од рак кое има уште неколку недели живот

26 септември 2022, 09:28
  • cподели

Халовин дојде порано за 5-годишно детенце болно од рак на кое му остануваат уште неколку недели живот.

Александрос Хурдакис Александрос Хурдакис Александрос Хурдакис Александрос Хурдакис Александрос Хурдакис

На Александрос Хурдакис од Онтарио, Канада, му бил дијагностициран рак на мозокот на 11-месечна возраст и оттогаш постојано води битка за живот. Пред две недели, неговото семејство дознало дека повеќе не функционира експерименталното лекување кое му помагало на Алекс во изминатите години. Докторите им кажале на родителите Ник и Кира дека болеста е во терминална фаза и дека момчето има уште неколку недели живот.

Александрос Хурдакис

Една од последните желби на Алекс била да види чудовишта и да посети куќа со духови. За жал, тој не смее да патува, па семејството одлучило да донесе чудовишта кај него. Пријателка на семејството создала објава на локална Facebook страница, која за кратко време станала вирален хит. Одговорот бил неверојатен.

„Започнав да плачам. Беше неверојатно“ – рекла таа.

За само три дена улицата каде што живеело семејството Хурдакис била затворена и таму се одржала огромна Халовин парада, со чудовишта, духови, вештерки и зомби.

View this post on Instagram

A post shared by TODAY (@todayshow)

Александрос Хурдакис Александрос Хурдакис Александрос Хурдакис Александрос Хурдакис Александрос Хурдакис Александрос Хурдакис

Стотици луѓе се маскирале за да му ја исполнат желбата на болното детенце.

Алекс бил пресреќен и постојано им мавтал на присутните.

„Толку многу лица се здружија за да ја направат вечерта неверојатна. Алекс ѝ мавташе на секоја една личност во толпата. Знаеше дека тоа е само за него... Можеше да се види љубовта во неговите очи.“

„Никогаш не очекувавме дека толку многу луѓе ќе помогнат. Беше нешто посебно. Немам зборови. Непознати лица се здружија и беше прекрасно да се гледа“ – рекол таткото на момчето.

Александрос Хурдакис Александрос Хурдакис Александрос Хурдакис Александрос Хурдакис Александрос Хурдакис Александрос Хурдакис Александрос Хурдакис Александрос Хурдакис
Tags
рак

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.