Цеца е горда баба покрај трите внуци: Најмалиот син на Вељко и Богдана го прослави вториот роденден
Во домот на семејството Ражнатовиќ вчера се славеше роденденот на слаткиот Исаија.
Најмалото синче на Вељко и Богдана Ражнатовиќ наполни две години и со насмевка славеше заедно со своите родители, двете братчиња и блиските роднини.
Горда баба беше Цеца, која уживаше и се фотографираше покрај трите внуци Жељко, Крстан и Исаија. Таа сподели фотографија и видео од прославата, а во описот напиша:
„Втор роденден на Исаија. Моите три најголеми љубови“.
Семејството организираше интимна прослава, а вниманието го привлекоа и усогласените модни комбинации на децата. Жељко и Крстан носеа идентични кошули, додека славеникот Исаија беше облечен во кошула со поинаков дезен.
Вељко и Богдана се во брак повеќе од 6 години.