Бритни Спирс беше уапсена, возела под дејство на алкохол и дрога и еден час бегала од полицијата
Бритни Спирс беше уапсена „под сомнение дека возела под дејство на комбинација од алкохол и дрога во Калифорнија“.
Пејачката покажувала „знаци на нарушена способност за возење“ кога била запрена од полицијата. Таа била сама во возилото.
Инцидентот се случил во средата вечерта на автопат откако полицијата добила пријава за црн BMW кој се движел со голема брзина и возел нестабилно, менувајќи ленти. Полицијата ја следела Бритни околу еден час пред конечно да успее да ја запре.
44-годишната пејачка била подложена на неколку теренски тестови за трезвеност, а наводно тие укажувале на можно присуство на алкохол и дрога. Спирс била приведена околу 3 часот по полноќ, а била ослободена три часа подоцна.
Истрагата сè уште трае и се чекаат резултатите од тестовите за да се утврди дали навистина имало алкохол или други супстанци во нејзиниот организам. Бритни треба да се појави пред суд на 4 мај.
Не е тајна дека Бритни со години се соочува со лични проблеми, јавни контроверзии и семејни конфликти по завршувањето на нејзиното 13-годишно старателство во 2021 година.
Од тимот на пејачката изјавиле дека станува збор за „несреќен инцидент“ и дека таа ќе соработува со властите и ќе ги преземе потребните чекори за да ја поправи ситуацијата.
„Ова беше несреќен и неоправдан инцидент. Бритни ќе ги преземе вистинските чекори, ќе соработува со законот и се надеваме дека ова ќе биде почеток на одамна потребната промена во нејзиниот живот. Потребна ѝ е помош и поддршка во овој тежок период“ - рекол нејзиниот менаџер.
Тој додал дека нејзините синови ќе поминуваат време со неа и дека „нејзините најблиски работат на план кој ќе ѝ помогне да се врати на вистинскиот пат и да се грижи за својата благосостојба“.
Instagram профилот на Бритни беше избришан по инцидентот.