• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Болеста не чека“: Александра моли за помош за мајка си Ленче која се бори со рак

4 јули 2025, 08:50
  • cподели

Ленче Гонева води тешка битка со ракот. По една година лекување во Македонија, таа го продолжи третманот во болница во Турција.

Со тоа, финансиските трошоци на нејзиното семејство драстично пораснаа и сега тие молат за помош.

Нејзината ќерка Александра сними видео во кое се заблагодарува за досегашните донации и ги замолува сите хумани граѓани да донираат онолку средства колку што можат.

Апел

Здраво луѓе, јас сум Александра, ќерка на Ленче, која моментално се бори рак на дебелото црево. После една година лекување во Македонија, состојбата на мајка ми стануваше сè полоша и полоша, затоа денеска таа се наоѓа во Турција, каде што го продолжува нејзиното лекување.

Трошоците за лекувањето овде се многу големи, затоа сакам од име на мајка ми и од мое име да ви се заблагодарам за досегашната поддршка, благодарам на сите донатори, на сите кои на било каков начин се вклучија во собирање на средствата. Меѓутоа, морам да ви кажам дека борбата не застанува тука. И по завршување на радиотерапијата, трошоците во болницата мора да бидат покриени за таа да продолжи со хемотерапија, која е од исклучителна важност за неа. Затоа, ве молам, сите кои што се во можност да донирате, направете го тоа, споделете го ова видео да стигне до што повеќе луѓе, бидејќи болеста не чека. Секој ден, секој час е важен. Ви благодарам.

Погледнете го видеото:

Броеви за донации:

А1: 143 473

Телеком: 143 110

Трансакциска сметка:

270700052146373

Александра Гонева

Халкбанк АД Скопје

Апелот на Ленче објавен на фондацијата Павел Андреев:

Сите што ме познаваат знаат – секогаш сум била таму кога некому му требало. Помагав, трчав, се давав до последен атом... но ретко, многу ретко се грижев за себе. А животот... тој секогаш знае кога да нè сопре. Пред повеќе од една година, ми покажа дека е време да се погледнам себеси. Дијагнозата – рак на дебело црево – падна како гром. Шок. Страв. Неверување. Болка што не се опишува.

Оттогаш, па сè до денес – 14 хемотерапии, 10 зрачења на глава, бескрајни денови на физичка и душевна болка... и болеста не запира. Се шири. Но знајте – јас не се откажувам. Ќе се борам. За мене. За моите деца. За моите внуци. За секој утрински здив и секоја насмевка што допрва ме чека.

Состојбата се влоши и единствениот излез е продолжување на лекувањето во Турција. Но, моето семејство, иако ми е најголемата поддршка, финансиски не може да го поднесе ова.

Затоа Ве молам, од срце: ПОМОГНЕТЕ МИ. ДОНИРАЈТЕ.

Секој ден е пресуден. Секоја донација, колку и да е мала, за мене значи чекор поблиску до животот.

Дајте ми шанса да продолжам да се борам. Да живеам. Да ги гушкам моите. Да се излечам.

Здравиот човек има илјада желби. Болниот – само една: да оздрави.

А за таа желба да ми се исполни... ми треба Божја, но и ВАШАТА помош.

Апел Апел Апел Апел Апел Апел

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.