• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Бојата на долната облека открива какви сте в кревет

14 октомври 2010, 10:34
  • cподели

Ние жените сме многу повнимателни од мажите при изборот на долна облека. Освен моделот, многу важна ни е и бојата. Ретки се оние кои купуваат жолта или зелена долна облека кога сакаат да изгледаат секси за својот партнер.

Неодамна едно истражување покажа дека мажите најмногу се возбудуваат на долна облека во црна боја, а најновото истражување од овој тип покажа дека бојата на долната облека открива каква љубовница сте.

Жена по црвена долна облекаЦрвената боја значи дека сте страсни и енергични

Истражување на компанијата „Dr Beckmann“ покажало дека жените веќе не бараат само класична бела или црна долна облека, туку дека сè повеќе се насочуваат кон долна облека со боја на кожата. Според нивните резултати, скоро 75% од жените купуваат долна облека во „месо“ боја, а тоа значи дека немаат што да кријат.

Експертот Дона Досон е убедена дека бојата е многу важна, затоа што открива многу карактеристики. Еве што откриваат различните бои на градникот за вашата личност:

  •      ЦРВЕНА БОЈА 
    Топлите бои како црвена, портокалова и жолта ја зголемуваат возбудата, го зголемуваат крвниот притисок и го забрзуваат ритамот на срцето и дишењето. Црвената боја значи дека сте страсни, енергични и не се срамите да го побарате она што го сакате. Често го менувате расположението и имате потреба од повеќе драма во животот.
  •      „МЕСО“ БОЈА 
    Оваа боја покажува дека сте природна, комуникативна, приземна, релаксирана личност која нема што да крие.
  •      РОЗОВА БОЈА 
    Розовата покажува дека романтични, нежни и имате потреба од повеќе внимание, приврзаност и љубов. Вие сте женствени и чувствителни.
  •      ЦРНА БОЈА 
    Црната долна облека покажува дека сте индивидуална, моќна и сензуална личност. Имате суптилен шарм и сте многу страсни.
  •      БЕЛА БОЈА 
    Оваа боја укажува дека сте невина личност, отворена за предлози. Ако преферирате бела боја, тогаш тоа значи дека сте желни да учите повеќе.
Tags
долна облека

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.