• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Боб за мене беше сè“: Почина Роберт Дувал, оскаровецот кој на улогите им вдахнуваше бесмртност

16 февруари 2026, 19:54
  • cподели
Роберт Дувал

Веста за заминувањето на една од последните живи икони на златната ера на Холивуд одѕвонува низ светот со чувство на длабока носталгија. Роберт Дувал, актерот кој со својата супериорна појава и беспрекорен талент дефинираше цели филмски епохи, почина на 95-годишна возраст.

Тажната вест ја соопшти неговата сопруга Лусиана Дувал, која сподели фотографија и емотивна порака:

Роберт Дувал

„Вчера се збогувавме со мојот сакан сопруг, скапоцен пријател и еден од најголемите актери на нашето време. Боб почина спокојно дома, опкружен со љубов и спокој.

За светот, тој беше оскаровец, режисер и извонреден раскажувач. За мене, тој едноставно беше сè. За секоја од многубројните улоги, Боб даваше сè од себе, се вложуваше целосно во ликовите и во вистината на човечкиот дух кој тие го претставуваа. Правејќи го тоа, тој ни остави на сите нешто трајно и незаборавно.

Ви благодарам за долгогодишната поддршка што му ја дававте на Боб и што ни овозможивте мир и приватност во овие моменти, за да можеме да ги прославиме спомените што ги остави зад себе.“

Од прашливите патеки на вестерните до мафијашките катчиња на Њујорк, Дувал беше синоним за актерска моќ.

Иако неговата кариера траеше седум децении, неговиот печат во култниот „Кум“ (The Godfather) останува ненадминат. Како Том Хејген, Дувал внесе елеганција и студена интелигенција која совршено му парираше на темпераментот на Марлон Брандо и Ал Пачино.

Не помалку впечатлива беше неговата улога во „Апокалипса сега“ (Apocalypse Now), а статуетката Оскар му беше доделена за маестралната глума во „Tender Mercies“ (1983).

Роберт Дувал
Роберт Дувал
Роберт Дувал

Меѓу другите негови филмови се и „The Conversation“ (1974), „Network“ (1976), „True Confessions“ (1981), „The Natural“ (1984), „Days of Thunder“ (1990), „The Paper“ (1994), „Gone in 60 Seconds“ (2000), „Crazy Heart“ (2009), „Get Low“ (2010), „Jack Reacher“ (2012), „Widows“ (2018) и „Hustle“ (2022).

Светот денес се простува со човекот кој им вдахнуваше бесмртност на улогите кои ги играше со неизмерна страст и впечатливо присуство.

Роберт Дувал
Роберт Дувал
Роберт Дувал
Tags
Роберт Дувал

Најнови

  • Роберт Дувал

    „Боб за мене беше сè“: Почина Роберт Дувал, оскаровецот кој на улогите им вдахнуваше бесмртност

    Mon, 02/16/2026 - 19:54
  • LELEK

    Убедлива победа: Моќната песна „Андромеда“ со која Хрватска ќе оди на Евровизија

    Mon, 02/16/2026 - 13:25
  • Патики дизајнирани од Македонецот Сатја Грабулоски

    NBA ѕвезда со патики дизајнирани од Македонецот Сатја Грабулоски за All Star натпреварот

    Mon, 02/16/2026 - 12:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.