• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Благодарна сум на Бог за сé’“: Актерката Маја Андоновска во Виена покрај синот Николај го прослави 42-риот роденден

27 април 2026, 20:20
  • cподели

Маја Андоновска-Илијевска во Виена дувна роденденска свеќичка и покрај синчето Николај го прослави 42-риот роденден.

Македонската актерка сподели фотографии од авантурата во австриската метропола каде нејзиниот син го имаше и неговиот прв голем меѓународен настап. 

Со торта пред себе, Маја му се заблагодари на Бог за сите лекции и успеси, а како роденденска желба посака да ѝ се здрави и живи најблиските, а таа да остане „бескомпромисно своја, пркосна, енергична, силна, здрава, борбена, насмеана и позитивна“.

Нејзината објава:

Виена, Сахер торта и моето најголемо богатство до мене. Така јас предвреме си дувнав свеќа оваа година 😊

Благодарна сум му на Бог за секоја лекција и секој успех. Животот ме научи дека со работа, упорност, труд, отворено срце, верба,љубов и чесна мисла, човек може сè да постигне сам.

Некогаш желбите доцнат, но секогаш стигнуваат во право време.

Благодарна сум на бог за сé, секој ден, но највеќе за луѓето со кои ми ги спои патиштата, и станаа нераскинлив дел од мојот свет. И затоа, ​единствената желба која ја имам секогаш не е за предмети, туку за луѓе, оние моите, најмилите, еден мал круг, еден микрокосмос кој е мој и за кој цврсто се држам, биковски посесивно ги сакам и чувам, и посакувам само тие да ми се живи и здрави.

А за себе посакувам да останам вака бескомпромисно своја, пркосна,енергична, силна, здрава, борбена, насмеана и позитивна во овој тмурен свет, за да продолжам да ги остварувам сите соништа што ги сонувам ✨🥂

Среќен ми роденден! 🎂

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

Маја сподели и повеќе фотографии со Николај.

Првиот пат секогаш се памети ❤️

Николај денес го имаше својот прв интернационален настап на пијано надвор од државата, на гала концерт во Виена . Златен спомен што ќе го носиме засекогаш во срцето - напиша Маја.

Tags
Маја Андоновска

Најнови

  • Кој би рекол дека полни 60 години? Згодната Хали Бери го прослави јубилејниот роденден во луксузен ресорт

    Mon, 08/24/2026 - 22:20
  • „Лани за роденден - свадбарка, оваа година – презентерка“: Водителката Бубе Јаневска со роденденски фотографии

    Mon, 08/24/2026 - 15:15
  • Еден фустан, три дами од шпанското кралско семејство: Принцезите Софија и Леонор во креација од плакарот на мајка им Летиција

    Mon, 08/24/2026 - 14:54
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.