„Благодарам, Македонија“: Дејвид Гета објави спектакуларни кадри од концертот во Скопје и новата песна која ѝ ја посвети на својата девојка
Само денови откако приреди вистински музички спектакл во Скопје, Дејвид Гета повторно ја стави Македонија во фокусот на своите милионски следбеници.
Светски познатиот диџеј објави спектакуларни кадри од својот настап на Националната арена „Тодор Проески“, каде на 8 септември настапи по повод 35-годишнината од независноста на Македонија.
На снимките се гледа импресивната продукција на неговото шоу „Monolith“, осветлениот стадион и огромната публика која ентузијастички ги следи неговите хитови.
„Благодарам Македонија“ - порачува тој.
Популарниот музичар официјално ја сподели „You And I, Me And You“, создадена во соработка со италијанскиот диџеј и продуцент Hypaton. Песната носи препознатлив спој на еуфорични вокали, моќен денс ритам и продукцијата по која Гета е познат, надополнета со носталгичниот, но модерен звук на Hypaton.
Гета ја сподели песната заедно со емотивни моменти со девојката Џесика Ледон и нивниот мал син.