• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Била групно силувана, се парализирала во обид да се самоубие... 25-годишна девојка од Шпанија доби право да си го заврши животот

26 март 2026, 20:10
  • cподели

Ноелија Кастиљо Рамос од Шпанија денес ја заврши својата животна приказна со помош на еутаназија.

Младата девојка од Барселона го доби конечното одобрување за медицински асистирано самоубиство откако шпанските судови ја отфрлија правната жалба со која нејзиниот татко се обидуваше да го спречи овој процес.

Тешката здравствена состојба на 25-годишната Шпанка е последица на трагичен настан од 2022 година. Само неколку дена откако преживеала брутално групно силување, под товар на тешката психолошка траума, Ноелија се обидела да си го одземе животот скокајќи од петтиот кат. Падот ја оставил парализирана од половината надолу.

Од тој момент, нејзиното секојдневие е проследено со траен инвалидитет, константни физички болки и сериозни невропатски компликации. Паралелно со физичките последици, нејзиното ментално здравје континуирано се влошувало, што резултирало со дијагнози на тешка депресија и опсесивно-компулсивно растројство.

Во повеќе интервјуа, Ноелија отворено и храбро зборуваше за неподносливата тежина на нејзината состојба. Таа објасни дека болката и страдањето, како на физичко, така и на психолошко ниво, станале неиздржливи и дека повеќе нема сила да живее со последиците од преживеаната траума.

„Никој од моето семејство не ја поддржува еутаназијата. А што е со сета болка што ја трпам сите овие години? Не сакам ништо да правам. Не сакам да излегувам, не сакам да јадам, ништо! Спиењето ми е многу тешко, а имам болки во грбот и нозете“ – рекла таа.

Во 2024 година, Ноелија официјално аплицираше за еутаназија согласно законот во Шпанија кој овозможува асистирана смрт за лица со сериозно и неизлечиво страдање. 

Нејзината молба за помош при умирање беше одобрена од каталонската влада, но беше одложена откако нејзиниот татко, поддржан од конзервативни католички организации, ја оспоруваше, тврдејќи дека нејзиното ментално здравје влијае на нејзината способност да донесе свесна одлука. 

Повеќе судски институции го потврдија нејзиното право на еутаназија. Овој случај е особено значаен бидејќи за првпат во Шпанија е дозволена еутаназија поврзана главно со психолошка траума, наместо со терминална физичка болест.

Еутаназијата беше извршена во центарот за асистирано живеење каде што живее Ноелија.

„Им кажав како сакам да изгледа тоа. Сакам да умрам убава. Отсекогаш сум мислела да заминам така. Ќе го облечам најубавиот фустан и ќе си ја средам косата. Ќе биде нешто едноставно. Сакам да заминам сега и да престанам да страдам, точка“ – рече таа во последното интервју.

NEW: 25-year-old Noelia Castillo Ramos who was gang r<>ped and later jumped from a fifth-floor window leaving her paraplegic will be euthanized in Spain

Reports say she had suffered from Borderline Personality Disorder and was “relying on ... the Spanish mental healthcare… pic.twitter.com/esgoJgoSdC

— Unlimited L's (@unlimited_ls) March 25, 2026

Ноелија поканила дел од семејството да се збогува пред процедурата, но имаше желба да остане сама во моментот на примање на инјекцијата.

Случајот отвори силни дебати на социјалните мрежи и во медиумите. Многумина се обидоа да ја спречат нејзината смрт, но неуспешно.

Tags
еутаназија

Најнови

  • Била групно силувана, се парализирала во обид да се самоубие... 25-годишна девојка од Шпанија доби право да си го заврши животот

    Thu, 03/26/2026 - 20:10
  • Теа Трајковска

    „Сè уште сакам силно и искрено, само со малку повеќе 'памет во глава'“: Теа Трајковска за старите љубови, созревањето и музиката

    Thu, 03/26/2026 - 18:52
  • Young Dadi

    Young Dadi со откачен спот со многу гости за новата заразна песна „Лидија“

    Thu, 03/26/2026 - 17:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.