Без договор по 6 часа преговори: Блејк Лајвли бесно ја напушти судницата, Балдони насмеан со сопругата
По шестчасовни преговори зад затворени врати, Блејк Лајвли и Џастин Балдони не постигнаа никаков договор за решавање на судскиот спор меѓу нив.
38-годишната актерка нагло ја напушти судницата во Њујорк со сериозен израз на лицето, додека 42-годишниот актер релаксирано си замина со насмевка на лицето, држејќи ја за рака својата сопруга.
What a surprise, no settlement today between Blake Lively and Justin Baldoni. Justin was smiling exiting the courthouse, Blake was not, take from that what you will. pic.twitter.com/3AGcsdaoEB
— Shiny Happy Person (@HRH_SHP) February 11, 2026
Според извори запознаени со судскиот процес, на средбата не било постигнато решение, а двете страни повторно ќе се соочат во судница за да се обидат да го решат спорот пред закажаното судење на 18 мај.
Блејк бара отштета од 161 милион долари поради наводно сексуално вознемирување на сетот на филмот „It Ends With Us“.
Лајвли поднесе тужба против својот колега, тврдејќи дека за време на снимањето била изложена на несоодветно однесување и кампања на дискредитација. Балдони возврати со контратужба од 400 милиони долари за клевета против Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, но судот ја отфрли.
Рајан не беше присутен во судницата.

Иако јавноста внимателно ја следи оваа холивудска правна драма, исходот останува неизвесен. Доколку пропаднат преговорите, конечната пресметка веројатно ќе се случи во судница и тоа пред очите на целата јавност.