• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Бев напуштена како бебе, но пронајдов љубов“: Девојка од Србија оставена по раѓањето стана светска шампионка

24 март 2025, 12:20
  • cподели

За првпат досега, Србија доби светска шампионка во бокс, а нејзината животна приказна е како од филм.

Анѓела Бранковиќ е доказ дека упорноста и силата можат да ги победат сите препреки. Инспиративвната Србинка победи на Светското првенство за боксерки во Ниш, во категоријата од 54 до 57 килограми, станувајќи гордост на Србија. Таа не можеше да си ги задржи солзите додека се интонираше националната химна.

Анѓела Бранковиќ Анѓела Бранковиќ

Но, Анѓела не била отсекогаш толку голема среќничка. Непосредно по раѓањето, таа била напуштена во болница во Нови Сад во 1998 година, а потоа била однесена во Дом за деца без родители каде го преживеала бомбардирањето во 1999 година.

Анѓела почувствувала што е топол дом и како изгледа родителска љубов во 2000 година, кога била посвоена.

„Мојата приказна започнува во болница во Нови Сад, но не завршува таму. Бев напуштена како бебе, но пронајдов љубов и дом.Тоа не ме скрши, туку ми даде уште поголема сила да се борам, не само во боксот, туку и во животот.“

„Ќе кажам дека сè е Божји дар и дека тој нè води, нè насочува низ животот на овој свет. Да, го знам тоа и го тврдам затоа што сум се уверила во тоа милион пати во моите 26 години живот. Денес станав светски шампион во бокс, а како ми поминаа сите денови од животот, од првиот ден до денес, само јас и Бог знаеме. Треба голема храброст да се посвои дете и голема благодарност имам за сè што направија за мене“ – вели Анѓела.

View this post on Instagram

A post shared by 150 minuta (@150minuta)

Анѓела Бранковиќ Анѓела Бранковиќ Анѓела Бранковиќ

Незаборавно било искуството да се застане на пиедесталот, вели светската шампионка.

„Победничкиот пиедестал и тоа што цела сала пееше со мене ‘Боже на правдата’ е нешто што вечно ќе го паметам.“

„Тоа е момент кој не можеш ни да го замислиш додека не го доживееш. Низ мене поминаа сите моменти борба, од најраните денови до последните рунди на финалниот меч. Кога ја слушнав химната, знаев – сè имаше смисла. Тие солзи не беа само мои, беа солзи на сите оние кои верува во мене, сите кои ме поддржуваа и сите кои се бореа да бидам таму каде што сум“ – изјавила Бранковиќ.

Анѓела имала три и пол години пауза во својата боксерска кариера, кога се опоравувала од повреда и студирала на ДИФ. И покрај тоа, таа се вратила на својата страст и со упорност, стигна онаму каде што е денес.

„Завршив ДИФ со просек 9,8 затоа што знаев дека образованието мора да биде дел од мојот живот, колку и да го сакам боксот“ – рекла таа.

Анѓела Бранковиќ

На сите млади спортисти, Анѓела им порачува:

„Да веруваат во себе и никогаш да не се откажуваат. Нема лесен пат, но секој чекор кој ќе го направат кон својата цел вреди. Работа, дисциплина и верба – тие се трите работи кои водат до победа. Ако јас успеав, може секој кој е спремен да се бори“.

Анѓела Бранковиќ Анѓела Бранковиќ
View this post on Instagram

A post shared by Arena Fight TV (@arenafighttv)

ФОТО: Instagram

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.