• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Беше многу тешко“: Џенифер Анистон за првпат се отвори за неплодноста и неуспешните обиди за инвитро

10 ноември 2022, 07:31
  • cподели

Џенифер Анистон ги разголи и душата и телото за списанието Allure.

За корицата на декемвриското издание на списанието, 53-годишната актерка позираше во мини градник од Chanel, а за едиторијалот избра модели и од Gucci, Balmain, Aisling Camps и Calle Del Mar. Фотографиите се дело на Зои Гросман.

Анистон за првпат досега зборуваше за обидите да има бебе, за неуспешните инвитро оплодувања и за шпекулациите дека нејзините сопрузи (Бред Пит и Џастин Теру) ја оставале затоа што не сакала да им даде дете.

Џенифер Анистон

„Се обидував да забременам. Патот кон правење бебе беше предизвикувачки за мене.“

„Сите тие години и години и години шпекулации... Беше многу тешко. Поминав низ инвитро, пиев кинески чаеви... Би дала сè ако некој ми речеше: ‘Замрзни си јајце-клетки. Направи си услуга’. Едноставно не мислев на тоа. Па, еве сум денес. Бродот исплови“ – рекла тажно Анистон.

Џенифер Анистон

Како нејзината лична болка да била мала, во медиумите постојано се пишувало за неа дека е себична и дека само се грижи за кариерата и дека поради тоа не сака да има дете.

„И дека причината зошто ме оставил сопругот, зошто раскинавме или го прекинавме бракот била дека не сум сакала да му дадам дете. Тоа се апсолутни лаги. Немам што да кријам сега“ – рекла таа.

Џенифер Анистон

Запрашана дали повторно би се омажила, Анистон рекла:

„Никогаш не вели никогаш, но не сум заинтересирана. Би сакала да сум во врска. Кој знае? Има моменти кога сакам да се свиткам како топка и да речам: ‘Ми треба поддршка’. Би било прекрасно да си дојдам дома и да потонам во нечија прегратка, велејќи: ‘Имав тежок ден’“.

Џенифер Анистон Џенифер Анистон

Синооката филмска ѕвезда вели дека повторно се чувствува самоуверено во сопствената кожа.

„Се чувствувам најдобро со она што сум денес, дури и подобро отколку што се чувствував во моите 20-ти, 30-ти или на средината од моите 40-ти години. Мора да престанеме да си кажуваме лоши нешта себеси. Еден ден ќе имаш 65 години и ќе си мислиш колку неверојатно изгледаше на 53. Се гордеам со моите брчки и седата коса.“

„Би рекла дека во моите доцни 30-ти и 40-ти години поминав низ многу тешки работи и ако не поминев низ тоа, немаше да станам она што сум денес. Затоа благодарна сум за сите тие нешта“ – рече Џенифер.

Џенифер Анистон Џенифер Анистон Џенифер Анистон Џенифер Анистон
Tags
Џенифер Анистон

Најнови

  • Емакуате Вандера Блажески

    „Во Кенија се слави Божиќ со заеднички собири на многу сонце, во Македонија е поинтимен и семеен“: Празнично со Ем Вандера Блажески

    Wed, 01/07/2026 - 17:22
  • Отец Михаил

    „Божиќ нè потсетува дека домот е храм на љубовта… Добрината носи радост, а простувањето ја обновува душата“: Отец Михаил за духовната смисла на Божиќ

    Wed, 01/07/2026 - 00:30
  • Бадник и Божиќ во семејството на Нина и Борко Ристовски

    „Децата ги причестуваме, а божиќното утро е најубавото и прво одиме во црква“: Нина за Бадник и Божиќ во семејството Ристовски

    Tue, 01/06/2026 - 16:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.