• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Бакнежот на Оскар за кој сите зборуваат: Хали Бери го бакна Адриен Броди пред девојката за да му се „реваншира“

3 март 2025, 08:44
  • cподели

Поминаа повеќе од две децении откако Адриен Броди страсно ја бакна во уста Хали Бери на сцената на Оскар 2003.

Моментот, кој многумина го паметат до ден-денес, се случи кога Броди беше прогласен за победник во категоријата Најдобар актер за „The Pianist“. Хали беше на сцената за да му ја додели статуетката, а тој ја повлече кон себе и неочекувано ја бакна.

Хали Бери го бакна Адриен Броди Хали Бери го бакна Адриен Броди Хали Бери го бакна Адриен Броди

Сега, 58-годишната актерка одлучи да се „одмазди“ и го бакна 51-годишниот актер во уста пред неговата девојка Џорџина Чапман.

Во видеото кое таа го објави на социјалните мрежи, двајцата актери се среќаваат на црвениот тепих пред манифестацијата. Хали ѝ се извинува на Џорџина и го бакнува Адриен.

„Изненадување! Морав да се реванширам“ – напиша таа.

Хали Бери го бакна Адриен Броди Хали Бери го бакна Адриен Броди Хали Бери го бакна Адриен Броди Хали Бери го бакна Адриен Броди Хали Бери го бакна Адриен Броди Хали Бери го бакна Адриен Броди
@halleberry

Surpriseee!! I had to get some payback

♬ original sound - Halle Berry

„Умирав да му се реванширам цели 22 години. Имав шанса да го направам тоа на неговата голема вечер“ – рече таа во интервју за ET.

A reunion 22 years in the making. #Oscars pic.twitter.com/MkaF2xb6SE

— The Academy (@TheAcademy) March 2, 2025

По бакнежот во 2003 година, Адриен се соочи со многу критики за постапката која беше непланирана и за која Хали не знаеше ништо. Во интервју, минатиот месец, тој рекол:

„Ништо што правам или што имам направено не е направено со намера да повредам некого“.

Броди доби Оскар за Најдобар актер за улогата во „The Brutalist“. Адриен и Џорџина се во врска од 2020 година.

Хали Бери го бакна Адриен Броди Хали Бери го бакна Адриен Броди Хали Бери го бакна Адриен Броди

Најнови

  • Прв до врв

    Сите на Водно на 17 мај – следува најмасовниот Sparkasse Life Прв до врв

    Wed, 04/22/2026 - 15:39
  • Reset

    Штип ќе се „ресетира“: Елена Бубало и Бојана Ташков во заедничка фитнес сесија организирана од Реплек

    Wed, 04/22/2026 - 15:13
  • Ким Кардашијан и Луис Хамилтон

    Заљубени и неразделни: Ким Кардашијан и Луис Хамилтон се бакнуваа и уживаа во Малибу

    Wed, 04/22/2026 - 13:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.