• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Атрактивни близначки: Убавите внуки на принцезата Дијана во креации од Зухаир Мурад на премиера во Лондон

23 април 2026, 14:17
  • cподели

Европската премиера на филмот „The Devil Wears Prada 2“ собра на едно место голем број славни личности кои однесоа гламур и елеганција на црвениот тепих.

Меѓу нив беа и убавите внуки на принцезата Дијана, Амелија и Елиза Спенсер, кои се појавија на настанот во Лондон во софистицирани креации од Зухаир Мурад.

Атрактивните близначки избраа тоалети од актуелната Ready-to-Wear колекција на либанскиот моден волшебник кои совршено ги истакнаа нивните фигури.

Амелија избра елегантен црн фустан без прерамки, со скулптуриран корсет со сатенски финиш кој го нагласуваше софистицираниот стил по кој е препознатлива.

Нејзината сестра Елиза се одлучи за подеднакво впечатлив, но малку поразигран стајлинг. Таа носеше елегантен црн миди фустан со метални копчиња и контрастен бел елемент на деколтето.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Klaudia Konopka (@captured_by_klaudia)

На црвениот тепих, ним им се придружи и нивната сестра Лејди Кити, која шармираше во стајлинг од Долче и Габана.

Како ќерки на Ерл Спенсер, братот на принцезата Дијана, трите сестри продолжуваат да го негуваат гламурозното наследство на семејството и редовно се појавуваат на најпрестижните настани ширум светот.

Сестрите Спенсер

Tags
Амелија Спенсер
Елиза Спенсер

Најнови

  • Атрактивни близначки: Убавите внуки на принцезата Дијана во креации од Зухаир Мурад на премиера во Лондон

    Thu, 04/23/2026 - 14:17
  • Спогодбено се разведе со бившиот, сега е во врска со 19 години помлад дечко: Маја Шупут пресреќна со „Господин совршен“

    Thu, 04/23/2026 - 12:51
  • Игор Стефановски – Иџе и Игор Божиновски

    Божиновски и Игор Стефановски – Иџе во заедничко партнерство: 30 години прецизност се среќаваат со 25 години брзина

    Thu, 04/23/2026 - 12:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.