Атлетичарот Јован Стојоски стапи во брак со тиктокерката Милица Грубер која ја запроси покрај Охридското Езеро
Откако пред неколку месеци ја запроси својата сакана на романтичен начин покрај Охридското Езеро, Јован Стојоски сега официјално стапи во брак.
Викендов, македонскиот атлетичар, кој во 2020 година ја претставуваше нашата држава на Олимписките игри во Токио, се заколна на вечна љубов со својата избраничка Милица Грубер.
Среќната вест ја споделија двајцата младенци со видео снимено веднаш по церемонијата. По размената на брачните завети, тие се упатија кон ресторанот каде што ја продолжија прославата со најблиските.
„Опа, бато“ – кратко напиша Стојоски во описот видеото.
Убавата тиктокерка, позната како Груберка, промени три венчаници.
Да потсетиме, нивната љубовна приказна привлече внимание уште во август, кога Јован ја запроси Милица покрај црквата „Св. Јован Канео“ во Охрид, место кое тој често го опишува како едно од најубавите на светот.
