• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Атлетичарка доби менструација сред маратон, продолжи без пауза и со крв на нозете стигна до целта за 2 часа и 35 минути

7 септември 2026, 14:43
  • cподели

Ли Мејжен стана светска инспирација откако заврши маратон и покрај тоа што доби менструација на околу 8 километри пред целта.

25-годишната кинеска маратонка се натпреварувала на трката на езерото Хенгшуи кога ѝ потекла крв по нозете. Иако тоа било видливо за другите, Ли во ниту еден момент не помислила да се откаже.

Таа продолжила да трча и ја минала целната линија со импресивно време од 2 часа и 35 минути, исполнувајќи го квалификацискиот норматив кој ѝ бил неопходен за настап на претстојно првенство.

„Ако се откажев, ќе морав повторно да трчам цел маратон за да го исполнам нормативот“ – објаснила атлетичарката, додавајќи дека целта ѝ била поважна од моменталната непријатност.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Nuren (@nuren_asia)

Ли брзо стана вирален хит на социјалните мрежи и отвори важна дискусија за менструацијата во спортот и стигмата која сè уште постои околу оваа природна појава. Илјадници луѓе ја пофалија нејзината истрајност и порачаа дека менструацијата не треба да биде причина за срам или пречка во остварувањето на спортските цели.

Мејжен и претходно ја има покажано неверојатната издржливост. На минат маратон поставила свој личен рекор иако трчала со силни болки во стомакот.

Tags
менструација
атлетичарка

Најнови

  • Атлетичарка доби менструација сред маратон, продолжи без пауза и со крв на нозете стигна до целта за 2 часа и 35 минути

    Mon, 09/07/2026 - 14:43
  • „Вечно ќе живееш брате мој“: Тапанарот Џоко од ДНК кој почина во „Пулс“ доби спомен-биста во Струмица

    Mon, 09/07/2026 - 13:26
  • Ќе ве наежи: Македонецот Васил Ангелов моќно ја отпеа „Море сокол пие“ и победи на натпревар во Киргистан

    Mon, 09/07/2026 - 12:44
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.