• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Намирници

Ароматен, вкусен и делотворен: Чај од брусница – природен чувар на здравјето

10 октомври 2022, 09:00
  • cподели

Свежите есенски денови се идеални за обновување на незаменливиот и релаксирачки ритуал на пиење на чај. Топлиот напиток не само што ни го загрева телото, туку и ни носи душевно спокојство и ни го негува здравјето.

Меѓу најконсумираните чаеви дефинитивно е чајот од брусница. Ароматниот пијалак приготвен од ова бобесто овошје, кое се смета за суперхрана, има моќ да ги примами и најпребирливите. Освен со впечатливата црвена боја, тој освојува и со освежителниот вкус и со бројните здравствени бенефиции што ги нуди.

Еве кои се најзначајните придобивки од чајот од брусница:

Чај од брусница
1

Превенира уринарни инфекции

Доколку често се соочувате со бактериски инфекции на уринарниот тракт, веројатно првиот совет кој го добивате е да го зголемите консумирањето на чај од брусница. Постои добра причина за тоа. Оваа бобинка содржи фитохемикалии кои можат да помогнат во превенцијата на инфекции предизвикани од E. coli (Ешерихија коли).

2

Го потпомага денталното здравје

Одржувањето на здрави непца и заби е суштински важно за целокупното здравје, особено ако се земе предвид дека многу болести се поврзани со лоша орална хигиена. Редовното консумирање чај од брусница може да ги зајакне непцата, да го спречи развивањето на бактериите и микробите кои ја напаѓаат усната шуплина, како и да го отежне таложењето на наслаги.

3

Ја подобрува дигестијата

Редовното пиење на чај од брусница може да ја подобри работата на дигестивниот систем, особено ако исхраната ви е богата со месо, како и да ги зголеми добрите бактерии во цревата.

4

Заштитник е на срцето

Со фитохемикалиите и антиоксидансите кои ги содржи, брусницата е чувар и на кардиоваскуларното здравје. Постојат докази дека таа помага и за снижување на нивото на лош холестерол со што се намалува ризикот од појава на срцеви заболувања.

5

Го зајакнува имунитетот

Во брусницата се крие моќна комбинација на витамини, минерали и антиоксиданси кои асистираат во градењето на силен имунолошки систем.

Чај од брусница

Подарете си доза релаксација и здравје со вкусниот чај од брусница на Podravka, кој е грижливо одбрана мешавина на фино мелени билки и овошје. Бидејќи содржи делови од брусница, има слатко-киселкаст вкус и е совршен за пиење како топол, така и ладен. На здравје!

Tags
Podravka
брусница
Podravka чај

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.