Арина Сабаленка го прифати предлогот за брак од саканиот и го покажа прстенот, Ѓоковиќ со слатка реакција
Арина Сабаленка го изговори судбоносното „ДА“.
Светската тенисерка број 1 се сврши со бразилскиот бизнисмен со грчко потекло, Георгиос Франгулис, кој ѝ приреди романтично изненадување со свеќи и цвеќе под ноќното небо.
27-годишната Белорусинка на Instagram сподели видео и напиша: „Ти и јас – засекогаш. 3.3.26“.
Арина сподели дека воопшто не претчувствувала што ѝ се подготвува таа вечер. Популарната спортистка го покажа големиот дијамантски прстен и напиша:
„Очигледно НЕМАВ појма дека ова ќе се случи вечерва“.
Меѓу бројните честитки се издвои и реакцијата на Новак Ѓоковиќ кој ѝ е многу добар пријател на Сабаленка и честопати се шегуваат еден со друг на турнирите. Тој постави три срциња за да му честита на среќниот пар.
Арина и 37-годишниот Франгулис се во врска од 2024 година, а љубовната приказна ја објавија во јавноста по турнирот во Рим. Оттогаш често се заедно на јавни настани, а тенисерката повеќепати низ шега навестуваше дека го очекува „следниот чекор“ во нивната врска.