• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

„Анксиозна сум...“: Северина ја објави новата песна од музичката трилогија

6 август 2026, 13:16
  • cподели
Северина

Северина го претстави вториот дел од најавената музичка трилогија. По „Nisam kriva ja“ („Bezosjećajna“), која за само неколку дена освои милионски прегледи на YouTube, хрватската пејачка денес го објави продолжението насловено „Pozovi me ti“ („Anksiozna“).

Новата песна носи сосема поинаква емоционална атмосфера од претходната. Додека „Bezosjećajna“ зборуваше за емоционалните ѕидови кои човек ги гради по разочарување, „Pozovi me ti“ навлегува во светот на несигурноста, анксиозноста и внатрешната борба.

Северина раскажува приказна за жена која беспомошно гледа како мажот кој некогаш ја повредил продолжува понатаму со истиот модел на однесување во нова врска. Љубовта, љубомората, бесот, немоќта и иронијата се испреплетуваат во стиховите, а рефренот „Anksiozna sam...“ станува најсилниот емотивен момент на песната.

Зад новиот сингл стои истиот авторски тим кој ја создаде и првата песна од трилогијата. Музиката ја компонираше Бојан Васиќ, текстот го напиша Даниел Павловиќ, а за аранжманот се заслужни Бојан Васиќ и Бранимир Михаљевиќ.

Видео

Трилогијата ќе биде заокружена со третата песна „Svirajte mi 'Rađaj sinove'“ („Savršena“), чија премиера е најавена по големиот концерт на Северина во арената во Пула.

Северина
Северина
Tags
Северина

Најнови

  • „Уживам во ова“: Балерината Стефанија Гаштарска се искачи на Титов Врв со саканиот Амар Мециновиќ

    Thu, 08/06/2026 - 13:35
  • Северина

    „Анксиозна сум...“: Северина ја објави новата песна од музичката трилогија

    Thu, 08/06/2026 - 13:16
  • Доење

    „Најчеста причина поради која мајките се откажуваат е сомневањето дека немаат доволно млеко“: Јасна Апостолски-Николов за предизвиците на доилките

    Thu, 08/06/2026 - 12:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.