• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Анџелина Џоли за првпат ги покажува лузните од отстранувањето на градите

16 декември 2025, 13:01
  • cподели

Анџелина Џоли одлучи за првпат да ги покаже лузните од двојната мастектомија направена пред повеќе од една деценија. Целта е да ги охрабри жените и да потенцира дека сите мора да имаат пристап до генетски тестови и скрининг.

За француското издание од списанието TIME, 50-годишната холивудска актерка и режисерка откри зошто одлучила да го покаже резултатот од превентивната двојна мастектомија низ која помина во 2013 година.

„Ги споделувам овие лузни со многу жени кои ги сакам. Секогаш сум трогната кога гледам други жени како ги споделуваат своите. Сакав да им се придружам, знаејќи дека TIME Франција ќе споделува информации за здравјето на дојките, превенцијата и знаењето за ракот на дојка“ – рекла Џоли.

Актерката се подложи на операцијата за отстранување на дојките откако открила дека носи генетска мутација BRCA1, која значително го зголемува ризикот од рак на дојка и јајници. Потоа, во март 2015 година, таа ги отстрани и јајниците и јајцеводите како превентивна мерка. 

Џоли ја изгуби мајка си, Маршлин Бертран, од рак на 56 години, а и нејзините баба и тетка исто така починале од болеста.

Околу 2 од 1.000 жени се носители на генот BRCA, поврзан со рак на јајници и дојка, а ракот на дојка е најчест причинител на смрт кај жените во споредба со другите видови на рак.

Во интервјуто, Џоли ја потенцираше важноста жените да имаат пристап до генетски тестови и скрининзи, за да можат да носат информирани одлуки за своето здравје, без разлика на финансиската или географската положба. 

„Секоја жена треба да може сама да го одредува својот здравствен пат и да има информации потребни за донесување одлуки: генетските тестови и скринингот треба да бидат достапни за жените со јасни ризици или семејна историја. Кога во 2013 година ја споделив својата приказна, тоа беше за да се поттикнат информирани избори. Одлуките за здравјето мора да бидат лични, а жените мора да имаат информации и поддршка за да ги направат тие избори. Пристапот до скрининг и здравствени услуги не треба да зависи од финансиски ресурси или место на живеење“ – смета Анџелина.

Холивудската икона зборуваше за својот нов филм „Couture“ каде ја игра Максин Вокер, режисерка која се соочува со рак на дојка. Џоли вели дека филмот ја допрел затоа што не ја прикажува само болеста, туку и животот кој продолжува.

„Премногу често филмовите за женските предизвици, особено ракот, зборуваат за крајот и тага, ретко за животот. Алис направи филм за животот, а чувствителните теми се обработени со голема деликатност. Испитувањата, болестите, болките се дел од нашето постоење, но она што е важно е како се соочуваме со нив. За мене, и за многу жени кои го искусиле ова, беше клучно да се потсети дека она кое ни помага да поминеме низ тие моменти е токму животот. Мојата мајка беше болна со години. Една вечер, додека ја прашуваа за хемотерапијата, многу емотивна, ми рече дека би сакала да зборуваме за нешто друго, имаше чувство дека болеста станува нејзин идентитет. Ми се допаѓа овој филм затоа што раскажува многу повеќе од патувањето на болната личност: покажува живот. Токму оваа светла перспектива ме допре и ми даде желба да го играм овој лик“ – рекла таа.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie)

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by angelina jolie enthusiast (@ajolienthusiast)

Tags
Анџелина Џоли

Најнови

  • Анџелина Џоли за првпат ги покажува лузните од отстранувањето на градите

    Tue, 12/16/2025 - 13:01
  • Настан на Божиновски за Omega

    Omega одблиску: Божиновски часовници ги претстави новитетите од престижниот часовничарски бренд

    Tue, 12/16/2025 - 12:45
  • Сидни Свини во бело на премиера, доби бројни комплименти за изгледот

    Tue, 12/16/2025 - 11:23
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.