Актерката Емилија Мицевска го покажа трудничкото стомаче на сцената на „Глумците пеат“, вереникот ѝ порача: „Гордост моја“
Емилија Мицевска доби бројни пофалби за својот настап на сцената на „Глумците пеат“ во Скопје.
На сцената во Македонски народен театар, македонската актерка, која го очекува своето прво дете, го покажа пораснатото трудничко стомаче. Емилија носеше дводелна црна комбинација со краток топ и сако додека ја пееше „Летај галебе“ од Верица Ристевска.
Нејзиниот вереник Деан Стојковски ја следеше од публиката и сподели видео на кое напиша:
„Гордост моја❤️❤️❤️“.
Тие споделија заедничка фотографија по шоуто.
Пред околу еден месец, во интервју за Фемина, Емилија се отвори за предизвиците со кои се соочувала додека да забремени. Зад неа стојат неколку спонтани абортуси и хируршка интервенција, но за среќа, сега тоа поглавје од животот е зад неа и таа со нетрпение го очекува своето синче кое ќе се вика Давид.
