• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Акни - причини за појава и како да се справите со нив

25 април 2016, 08:00
  • cподели

Статистиката вели дека ширум светот, 8 од 10 млади луѓе на возраст меѓу 14-24 години некогаш имале проблем со акни на лицето, грбот или градите. Збирно земено, тоа се над 80%!

Доколку било кога сте се справувале со ваквите промени, знаете колку непријатни можат да бидат. Во зависност од типот на акните, тие предизвикуваат црвенило, болка, лош изглед на кожата, лузни и, не помалку важни – стрес, посраменост и депресија.

Првиот чекор кон лекувањето на акните е информираноста и одговорот на прашањето „Зошто се појавуваат акните?“.

Acne vulgaris е состојба која најчесто се појавува на оние делови од телото во кои има најмногу лојни жлезди. Тоа го објаснува присуството на акните на лицето, грбот, градите и понекогаш горниот дел на надлактицата. Кога од лојните жлезди се создава прекумерно количество на лој – себум, а неговото излевање е блокирано од нечистотија на кожата и мртви клетки, се создава она што популарно се нарекува „црнка“ (комедон) која со тек на време се воспалува.

Young Derm

Воспаление предизвикуваат и бактериите кои со секојдневното допирање на кожата се пренесуваат од рацете (или допир со туѓа кожа) на нашата кожа, и таму се размножуваат. Воспалението предизвикува реакција на клетки кои, во обид да ги победат бактериите, како резултат го даваат она црвенило со гноен врв кое на сите ни е добро познато (папули и пустули).

Секако, акните можат да се третираат, а лузните да се превенираат. Клучните зборови при третманот се ТРПЕНИЕ и ДИСЦИПЛИНА, бидејќи ниеден проблем не се решава преку ноќ.

При неодамнешното клиничко испитување на производите на Young Derm колекцијата за нега на млада кожа, резултатите покажале дека причина за неуспех на третманот е непридржување кон упатствата на лекарот во 30-80% од случаите. Од друга страна, пак, намалување на комедоните, папулите и пустулите забележале испитаниците чија редовна терапија се состоела од следниве Young Derm производи:

  • Young Derm безалкохолен тоники Young Derm крем за интензивна нега (наутро)
  • Young Dermвлажни марамчиња и Young Derm крем со масло од чајно дрво (на местото каде што е лоциран проблемот) (навечер).

Young Derm производите се решение против акни кое практично ви се на дофат на рака, бидејќи се достапни во сите аптеки и добро снабдени маркети. Со малку трпение и истрајност, овие производи се најлесниот пат до убаво и чисто лице!

Комерцијален текст

Најнови

  • Данче Серафимова со семејството

    „По загубата на синот, се јави идејата за домашниот Природен Детергент“: Данче од Струмица за мајчинството и создавањето помалку токсичен дом

    Mon, 01/12/2026 - 20:15
  • Закон за заштита од пушење

    Стоп за пушење во кола со дете, на автобуски станици... Еве каде сè ќе биде забрането пушење со новиот закон со строги казни

    Mon, 01/12/2026 - 15:20
  • Ретко заедничко појавување на црвениот тепих: Мила Кунис и Ештон Кучер на Златен глобус по бројните критики

    Mon, 01/12/2026 - 13:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.