• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Слабеење

8 лесни начини да согорувате над 300 дополнителни калории дневно

23 март 2011, 11:00
  • cподели

Слабеењето не треба да биде измачување со строги диети и гладување, иако тоа е изборот на многу жени. Можете да ги симнете неколкуте непосакувани килограми на едноставен начин, преку согорување на дополнителни калории. Колку повеќе согорени калории, толку помалку килограми.

Жена што танцуваСо 45 минути танцување лесно ќе согорите 300 калории
  1. Будалесто танцување. Пуштете музика со брз ритам и танцувајте 45 минути. Не гледајте да изгледате добро, танцувајте со смешни движења и колку што можете повеќе движете се наоколу.
  2. Пролетно чистење. Со еден час чистење низ домот ќе согорите до 300 калории. Така добивате и подреден чист дом и витка линија.
  3. Скокајте со јаже 3 пати дневно по 10 минути. Забавното скокање со јаже ќе ви помогне без многу труд да согорите 300 калории. Наутро, попладне и навечер одделете си време за 10-минутна сесија за скокање.
  4. Вртете хулахоп 40 минути. Забавно е, а во исто време е и одлична вежба за зацврстување на телото. Само со 40 минути вртење хулахоп ќе согорите 300 калории.
  5. Носете го кучето на прошетка двапати дневно. Две прошетки од по 30 минути ќе ви помогнат да согорите скоро 300 калории. Дополнителна полза е што и вашето куче ќе биде среќно, а вие порелаксирани и поисполнети со енергија. Или, можете да излезете на прошетка со партнерот или со пријателка. Со помош на пријатен разговор нема ни да почувствувате кога изминал еден час.
  6. Џвакајте го секој залак по 20 пати. Според истражувањата, жените кои го џвакаат секој залак барем 20 пати пред да го проголтаат, внесуваат во просек по 70 калории помалку при секој оброк. Бавното консумирање на храната му помага на телото да регистрира кога сте заситени, па тоа резултира и со помалку внесени калории.
  7. Не јадете пред телевизор. Навистина е поинтересно да јадете додека ја гледате омилената серија, но истражувањата покажуваат дека луѓето кои се хранат пред ТВ консумираат во просек по 288 дополнителни калории. Затоа, ставете го оброкот на маса и концентрирајте се на она што го јадете.
  8. Спијте повеќе од 6 часа дневно. Луѓето кои спијат помалку од 6 часа дневно консумираат 300 калории повеќе во текот на денот. Причина за тоа е што се зголемува лачењето на хормонот на гладот, грелинот.

Бидете активни. Ако не сакајќи сте го изеле цело чоколадо наместо неколку коцки, не се разочарувајте. Пронајдете активност која ќе ви помогне да ги согорите калориите од чоколадото.

Слабеењето може да биде лесно и забавно. Сè зависи од вас.

Tags
слабеење
калории

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.