• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

75% од важните одлуки во семејството ги донесуваат жените

2 март 2011, 14:47
  • cподели

Интересно ново истражување потврди колкава е важноста на жената во семејството. Британски истражувачи велат дека три четвртини од сите важни одлуки за семејството ги донесуваат жените.

Жените редовно одлучуваат што ќе се јаде дома, дали и кога парот ќе има деца, каде ќе одат на одмор и како ќе ги трошат парите. Од друга страна, мажите најчесто донесуваат одлуки за тоа каков автомобил ќе поседуваат и што ќе гледаат на телевизија.

Маж и женаЖените одлучуваат дали и кога ќе имаат деца со партнерот, каде ќе одат на одмор и како ќе ги трошат парите

Според податоците на истражувачите, жените секојдневно донесуваат повеќе одлуки од мажите. Претставничките на понежниот пол решаваат како со партнерот ќе го поминат слободното време и кога ќе легнат да спијат, а одлучуваат и колкава да биде температурата во домот.

За да дојдат до овие заклучоци, истражувачите анкетирале 3000 парови за нивните врски.

„Изгледа дека мажите повеќе не се глава на семејството и тие самите го знаат тоа“ – изјавил Лери Фајл, претставник на компанијата која го финансирала истражувањето и дополнил дека се изненадени од искреноста на мажите кои признаваат дека нивната партнерка ги донесува поголем дел од одлуките.

Шест од секои десет мажи признале дека нивната партнерка ја има целосната контрола за тоа кога и колку често ќе имаат секс.

Жените не само што се грижат целосно за домаќинските задачи, туку тие донесуваат одлуки за скоро сè што е поврзано со нивните деца, од тоа како ќе се викаат, па до тоа каква облека ќе носат.

Истражувањето открило и дека жените користат различни трикови за да ги убедат своите партнери да биде по нивно. Најчесто користени техники се флертувањето и носењето на секси облека. Мажите пак кога сакаат да ја убедат својата партнерка за нешто, најчесто ѝ купуваат чоколада или други слатки.

Tags
мажи-жени

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.