• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Љубовни врски

7 знаци дека не е затрескан во вас

20 јули 2010, 10:27
  • cподели

Кога ќе започнете врска со некој кон кого имате силни чувства, лесно е да ги занемарите или пропуштите предупредувачките знаци дека тој и не е толку заинтересиран за вас.

Дечко и девојкаАко никогаш не се состанувате на јавно место, најверојатно тој нема сериозни намери кон вас.

За да не бидете изненадени кога еден ден тој ќе стави крај на врската, еве кои сигнали ќе ви потскажат дека не е затрескан во вас:

  • Не планира однапред. Ако сте заедно кратко време (2-3 седмици), не очекувајте веднаш да започне да крои планови каде ќе ја поминете Нова Година. Но, ако никогаш не ви зборува за плановите за наредната седмица, тогаш нешто не е во ред. Да речеме дека вие сакате да одите заедно на концерт кој ќе се одржи по 2 седмици и сакате да купите карти предвреме. А тој, се „вади“ од таквата ситуација со изговори од типот „ќе има карти и тогаш“, „не сум сигурен дали ќе можам да дојдам“ и сл.
  • Заборава важни дати. Помина вашата 6-месечнина, вашата годишнина и вашиот роденден, а тој заборава дека треба да направи нешто специјално или дури и не се сетил на важните дати. Не можете да го оправдате со тоа дека „сите забораваат“. Да се случи еднаш е грешка, двапати – повод за расправија, но ако се случува редовно, време е да помислите колку сте важни во неговиот живот.
  • Се состанувате само кај него дома. Заедно сте веќе 6 месеци и ниту еднаш не сте излегле заедно во кафуле или ресторан, а плус тоа никогаш не сте ги запознале неговите пријатели, т.е. вашата врска е далеку од сечии очи. Тоа е сигурен знак дека партнерот сака поради некаква причина да ја чува вашата врска во тајност. Во таков случај треба да ви биде јасно дека тој не ве сфаќа сериозно и дека не планира да продолжи долго време со вас.
  • Излегувате само со неговото друштво. Плановите за излегување постојано ги прави тој и секогаш завршувате со неговото друштво. А вие, колку и да се обидувате да се вклопите, никогаш нема да се чувствувате онолку добро како кога сте со вашите пријатели. Ако не пројавува интерес за вашите пријатели и за вашето семејство, тогаш ова е сигурен знак дека не сте му толку важни во животот.
  • Ве изостава во последната минута. Ако често ви се случува да ви се јави пет минути пред да излезете, да ви откаже и потоа да излезе со неговите пријатели, тогаш лесно е да увидите дека не сте на прво место во неговиот живот. Доколку често доцни, иако знае дека сте договорени да одите на кино или имате резервирано во точно определен час, тоа исто така треба да ви потскаже дека не се грижи многу за времето кое ќе го поминете заедно.
  • Не ви се јавува да провери како сте, иако знае дека сте биле на доктор. А потоа, кога вие ќе го побарате, се оправдува со изговори „бев зафатен“, „немав мрежа“ и сл. Ако не се грижи за вашето здравје, тогаш не размислува за вашата врска на долгорочен план.
  • Во 95% од случаите вие му се јавувате. Застанете за момент и размислете за ова, затоа што фреквентноста со која ве бара е добар индикатор за неговата заинтересираност за вас. Ако во последните 2 седмици тој ве побарал сè на сè 2-3 пати, а вие го барате по неколку пати на ден, тогаш нема баланс во врската. Тој најверојатно сака вие да вложувате многу, а тој да си стои настрана. Заклучок: не е доволно заинтересиран за вас.

Едно дело вреди повеќе од илјада зборови. Ако вашиот партнер е силен само на зборови, но заборава да ги покаже на дело, време е да започнете да се сомневате во неговата љубов кон вас.

Tags
љубовни врски

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.