• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Фитнес

7 вежби за да изгледате фантастично од секој агол

5 февруари 2014, 18:09
  • cподели

Во потрага сте по вежби кои го обликуваат целото тело, зацврстувајќи ги речиси сите мускули? Предложените вежби го нудат токму тоа. По само неколку тренинзи ќе се почувствувате полесни и пофлексибилни.

Секоја вежба повторувајте ја една минута. Доколку не сте во добра форма, препорачливо е да започнете со повторување во период од 30 секунди.

За да постигнете најдобри резултати, правете ги вежбите 2-3 пати неделно, а во два други дена практикувајте кардио-вежби. Потребни ви се два мали тега од 1-2 килограми.

1
Вежби

Земете по еден тег во рацете и застанете исправени, така што стапалата да ви бидат на исто растојание со колковите. Рацете пуштете ги покрај телото, а дланките насочете ги кон бутовите.

Додека зачекорувате наназад со десната нога, свиткајте ги лактите и подигнете ги теговите кон рамената, а потоа спуштете ги повторно покрај телото (слика a). Додека ја враќате десната нога во првобитната положба, испружете ги рацете пред себе на висина на рамената (слика b). Спуштете ги рацете и повторете ја вежбата со левата нога.

2
Вежби

Легнете и свиткајте ги колената. Стапалата треба да ви лежат на подот. Држејќи тегови, испружете ги рацете настрана, на ниво на рамената. Лактите треба да ви бидат малку потсвиткани, а дланките насочени кон таванот (слика а).

Донесете ги рацете над градите додека ги повлекувате колената кон градите (слика b). Вратете се во почетната положба. Во текот на вежбата треба да го зачувате истиот агол под којшто ви се свиткани колената.

3
Вежби

Застанете исправени. Стапалата поставете ги на ширина на колковите, а во рацете земете мали тегови и држете ги пред колковите. Дланките треба да ви се насочени нанапред. Додека чучнувате, подигнете го тегот со десната рака кон рамото (слика а).

Подигнете се малку нагоре, спуштете ја десната рака надолу и кренете го левиот тег кон рамото (слика b). Продолжете, подигнувајќи ги рацете наизменично.

4
Вежби

Легнете на подот така што нозете да ви бидат на ширина на рамената. Држејќи тег, испружете ја десната рака над десното рамо. Левата рака треба да ви биде испружена покрај телото (слика а).

Држејќи ја десната рака исправена, исправете го горниот дел од телото (слика b). Свиткајте го десниот лакт, носејќи го тегот на висина на увото. Вратете се во првобитната положба. Направете неколку повторувања со десната рака, а потоа исто толку и со левата.

5
Вежби

Легнете на подот и свиткајте ги колената. Држејќи мали тегови, испружете ги рацете над градите, а истовремено испружете ја левата нога дијагонално (под агол од 45° од подот) и подигнете ги колковите од подот (слика а).

Спуштете ги колковите на подот, а притоа повлечете ги теговите кон главата (слика b). Вратете се во почетната положба за да ја завршите вежбата. Направете неколку повторувања со левата нога, а потоа исто толку и со десната.

6
Вежби

Застанете исправени, поставете ги стапалата на ширина на колковите, а колената малку потсвиткајте ги. Во рацете земете мали тегови и држете ги пред рамената, така што дланките да ви бидат насочени нанапред (слика a). Наведнете се нанапред, зачувувајќи ги колената потсвиткани, а грбот исправен (слика b).

Испружете ги рацете нанапред, на исто ниво со главата, а потоа повторно повлечете ги кон себе и исправете се во почетната положба.

7
Вежби

Застанете во положба како за склекови, но во десната рака земете мал тег. Свиткајте го десниот лакт, повлекувајќи го тегот покрај себе (слика a). Потоа испружете ја раката наназад (слика b). Вратете ја раката на подот за да ја завршите вежбата.

Направете неколку повторувања со десната рака, а потоа исто толку и со левата.

Tags
вежби

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.